5 причини зошто треба да го миете лицето со газирана вода

Жените во Јапонија и Кореја го обожаваат овој трик за убавина, кој полека го прифати целиот свет.

5-prichini-zoshto-treba-da-go-minete-liceto-so-gazirana-voda-01.jpg

Азиските убавици тврдат дека третирањето на лицето со газирана вода е навистина добро за кожата. Ова полека стана нов тренд за убавина низ целиот свет.

Зошто газираната вода е добра за вашето лице:

1. Не ја уништува заштитната бариера на кожата. Ја одржува pH вреднста на идеално ниво од 5.5. и не чувствувате ниту дека кожата ви е премногу сува, ниту премногу масна.

2. Нежно го чисти лицето и има ефект на благ пилинг. Ги чисти нечистотиите подобро од водата од чешма.

3. Ја подобрува циркулацијата на крвта и овозможува кислородот и хранливите состојки да стигнат до ткивата во кожата.

4. Длабински ги чисти порите. Ја отстранува сета нечистотија и ги одзатнува порите. Како резултат на тоа кожата изгледа негувано и мазно.

5. Помага и во ослободување од белезите затоа што го стимулира регенеративниот процес во оштетените ткива.

5-prichini-zoshto-treba-da-go-minete-liceto-so-gazirana-voda-02.jpg

Напомена – не смеете секојдневно да го миете лицето со газирана вода!

Сепак, претераната употреба на газираната вода може да предизвика иритација на лицето. Зависно од типот на кожата, доволно е да се миете со ваква вода 1 до 3 пати неделно.

Во случај кожата да ви е многу чувствителна, газираната вода мешајте ја 50-50 со негазирана вода.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава