Најдобрите совети за борба против акни, според дерматологот на Кендал Џенер

Акните на Кендал Џенер многу често се тема за која медиумите пишуваат и објавуваат зумирани фотографии, за фановите подобро да ги видат.

najdobrite-soveti-za-borba-protiv-akni-spored-dermatologot-na-kendal-jenner-01.jpg

Други пак, на тоа ставаат наслови од типот „И супермоделите се луѓе како сите нас“, а трети се премногу дрски со коментарите.

najdobrite-soveti-za-borba-protiv-akni-spored-dermatologot-na-kendal-jenner-03.jpg

Социјалните мрежи не стивнуваа, но сега, Кендал може да се пофали со доста помазна кожа и помалку видливи лузни.

najdobrite-soveti-za-borba-protiv-akni-spored-dermatologot-na-kendal-jenner-02.jpg

Дел од тоа се должи и на добрата шминка, но очигледно е дека нејзините проблеми со акните се значајно намалени.

Нејзиниот дерматолот е Кристи Кид, која е специјалист во грижа и хигиена на кожата. Таа на Кендал ѝ препишала едноставен режим на грижа и нега, а резултатите биле воочливи за кратко време.

Ова се неколку совети на Кид, кога е во прашање борбата со акните:

Бидете нежни

Пилингот треба да биде нежен, исто како и четкичката со која нанесувате средство за миење и крпата со која се бришете. Наместо да триете, само тапкајте со мека фротирна крпа за да ја впие влагата. Најдобро е да го миете лицето со прстите, наместо со четки или сунѓерчиња.

Користете козметика наменета за чувствителна кожа, во која нема парабени, парфем, вештачки бои и формалдехиди.

najdobrite-soveti-za-borba-protiv-akni-spored-dermatologot-na-kendal-dzhener-02.jpg

Одберете квалитетни производи за нега

Едноставна рутина со ефикасни средства е подобра од кој било комплициран третман. Набавете нежен тоник, антибактериско средство, обновувачки серум и задолжително, крема со заштитен фактор соодветна на вашата кожа.

Знајте што точно ви треба

Доколку имате сериозен проблем со акни, посетете дерматолог. Таму ќе ви препорачаат што да нанесувате на лицето или ќе ви назначат кои состојки треба да ги има во козметиката која ќе ја користите.

На пример, запомнете дека ви треба комбинација од салицилна киселина и пантенол, но дека никако не смее да има пероксид или алкохол и соодветно на тоа купувајте козметика за нега.

najdobrite-soveti-za-borba-protiv-akni-spored-dermatologot-na-kendal-dzhener-03.jpg

Рутина во четири чекори

Негата на кожата склона кон акни е покомплицирана од вообичаеното миење, но не значи дека нема да се навикнете.

Замислувајте дека нанесувате слоеви: првиот е миење, вториот е антибактериски тоник кој го контролира лачењето масти, третиот е соодветен гел или серум и завршувате со лесна заштита од сончевото УВ-зрачење.

Разгледајте ги сите опции

Вашиот дерматолог може да ви предложи и поинвазивни и поскапи методи, во зависност од случајот. Постојат надворешни третмани со медицински препрарати или со светлинска терапија, па дури и инјекции со кои се намалуваат отекувањата на кожата предизвикани од воспалителната активност во акните.

Кај секого е различен пристапот кон лечење на акните, па одберете го соодветниот за вас.

najdobrite-soveti-za-borba-protiv-akni-spored-dermatologot-na-kendal-jenner-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава