Коса со боја на брусница - хит за зима 2018

Брусницата и нејзините боја и вкус во многу делови од светот се симбол на зимата. Па, зошто да не пробате таа нијанса да ја пренесете на својата коса?

podgotvete-se-za-zimskata-hit-boja-na-kosa-nijansa-kako-brusnica-01.jpg

Ако сте од оние кои сакаат промени на бојата на косата и го почитувате трендот на црвени нијанси, по популарните бакарно-портокалови нијанси кои ја одбележуваат оваа есен, зимата носи нешто потемен тон на познатата магента.

podgotvete-se-za-zimskata-hit-boja-na-kosa-nijansa-kako-brusnica-03.jpg

Оваа нијанса не може да се дефинира како темно црвена ниту како нијанса на црно вино.

Едноставно, сама по себе доволно потсетува на чај или сок од брусница.

Се работи за навистина живописна боја во која можете да ја обоите целата коса или пак, да извлечете прамени, да ја комбинирате во оомре или балајаж или пак, да ја компонирате со нијанси на црна и кафеава.

Интересен ефект се добива и ако извлечете посветли прамени од вашата природна боја, а потоа ја нанесете оваа хит есенска нијанса. Ќе добиете ефект на прелевање и уникатен изглед.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...

Најчитани неделава