Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За помазна и помлада кожа - Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

„Со возраста се успорува процесот на обновување на кожата. Тоа води до по-неефикасно ослободување од мртвите клетки, а кожата станува погруба и со нездрав сјај. Освен тоа, зрелата кожа ја губи својата еластичност и способноста да произведува доволно хијалуронска киселина, којашто е нејзиниот природен пополнувач на брчките. Забележавме дека потрошувачите сакаат производ којшто го помага регенеративниот процес во кожата и истовремено ја подобрува состојбата на брчките. Го креиравме иновативниот Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум, којшто истовремено прави од една страна траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките.“ изјави Д–р Соња Доневска Петрушевска, Дерматолог, медицински претставник за Еуцерин во Македонија.

za-pomazna-i-pomlada-kozha-eucerin-hyaluron-filler-nokjen-piling-i-serum-1.jpg

Станува збор за нов подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа, преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси (овошни) киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.

Со новиот двокоморен систем за истовремено нанесување од два контејнера, Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум овозможува соединувањето на двете високоефикасни формули да биде непосредно пред употреба. Белиот контејнер содржи нежна емулзија од новиот комплекс на алфа-хидрокси киселини (AHA), составен од активни пилинг состојки како гликолна киселина, млечна киселина и глуконолактон (познат по своето постепено и многу лесно навлегување во кожата). Другата активна состојка е глицин-сапонин, познат по тоа дека го стимулира природното создавање на хијалуронска  киселина во кожата.

Контејнерот со сребрена боја содржи освежувачки гел-серум со два вида хијалуронска киселина, коишто делуваат на различни нивоа – хијалуронската киселина со високомолекуларна тежина делува на фините линии во површинските епидермални слоеви, а таа со мала молекуларна тежина (40 пати помала молекула) навлегува подлабоко во кожата, каде што се формираат брчките.

za-pomazna-i-pomlada-kozha-eucerin-hyaluron-filler-nokjen-piling-i-serum-2.jpg

Клиничките студии ширум светот ја докажаа двојната ефикасност на производот

  • нежна ексфолијација на кожата;
  • видно намалување на длабочината на брчките и фините линии;
  • ефикасно подобрување на регенеративните процеси на кожата;
  • добро хидрирана кожа;
  • стеснување на порите.

Проучувањата исто така докажуваат дека Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум добро го поднесуваат сите типови на кожа.

Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум може да се користи секојдневно. Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем. Бидејќи формулата со алфа-хидрокси киселини (AHA) ја прави кожата почувствителна кон сончевата светлина, неопходно е преку ден да се нанесува дополнителна заштита од сонце, како на пример Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF30.

za-pomazna-i-pomlada-kozha-eucerin-hyaluron-filler-nokjen-piling-i-serum-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg