Трик од 30 секунди кој на вашата коса ќе ѝ даде неверојатен сјај

Дали кога сте на фризер и кога ви ја мијат косата ви се случило сосема кратко да тече ладен млаз врз вашето теме и потоа да се врати топлата вода? Тоа не е случајно.

trik-od-30-sekundi-koj-na-vashata-kosa-kje-i-dade-neverojaten-sjaj-01.jpg

Овој едноставен бесплатен трик го применуваат многу професионални фризери и всушност им е толку влезен во рутината, што не ни забележувате дека токму тие 30 секунди ја прават разликата меѓу салонското и домашното миење.

Краткотрајното плакнење со ладна вода ги исцелува кутикулите и делува противвоспалително. Во исто време, вашата коса станува блескава и мека.

Сосема е нормално што не сакате ладен туш (кој всушност го сака), но треба да го погодите точниот момент кога ја плакнете косата од регенераторот, кратко пред целосно да биде исплакнат. Тогаш пуштате ладна вода (не мраз ладна, туку млака накај ладна) и половина минута плакнете го темето. Наведнете се нанапред доколку не сакате ладната вода да ви тече по телото.

trik-od-30-sekundi-koj-na-vashata-kosa-kje-i-dade-neverojaten-sjaj-02.jpg

Исто така, ќе си помогнете и доколку со фенот наизменично ги менувате топлиот и ладниот воздух. Ладниот воздух од фенот помага исушената коса да остане на место, односно да не се разлетуваат влакната на сите страни.

Обидете се, овие трикови се навистина бесплатни и лесни за да ги испробате.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава