За што сѐ е корисно чичковото масло?

Во азиската култура, коренот од чичка претставува одлично средство за исфрлање на токсините кои се наоѓаат во нашите тела. Покрај тоа, благодарение на минералите кои ги содржи, растението се користи и како додаток во исхраната.

za-shto-se-e-korisno-chichkovoto-maslo-01.jpg

Денес популарноста на чичковото масло зазема сѐ поголем замав. Чичковото масло е добро за косата, но и за кожата, а нашите предци го користеле и поради неговите лековити својства.

Во продолжение за што сè можете да го користите ова масло:

Употребата на чичковото масло во медицински цели

Чичковото масло има широка примена во медицината затоа што има бројни терапевтски својства. Благодарение на своето антивоспалително дејство, посебно се препорачува за оние кои страдаат од артритис.

Доколку ве боли грло, неколку капки од ова чудотворно масло можат да ви помогнат при решавање на проблемот.

Сепак, ако го користите како лек, препорачливо е прво да се консултирате со лекар.

za-shto-se-e-korisno-chichkovoto-maslo-02.jpg

Чичковото масло се користи за косата

Чичковото масло благотворно делува на косата. Доколку го нанесете длабински во коренот на косата и оставите да отстои во текот на ноќта, чичковото масло ќе ја хидрира и храни кожата на главата, ќе ја зацврстува косата и ќе ја прави посјајна и поздрава како никогаш претходно. Исто така, ќе го забрза и нејзиниот раст.

Доколку оваа постапка ви се чини прилично тешка, може да додадете малку чичково масло во шампонот кој го користите и ќе ги приметите резултатите само за неколку недели.

Чичковото масло многу брзо го отстранува и првутот.

za-shto-se-e-korisno-chichkovoto-maslo-03.jpg

Чичковото масло се користи и за кожата

За чичковото масло е докажано дека ги решава проблемите со кожата поради количината нутриенти кои се содржани во него, како и неговите антибактериски својства преку кои ги отстранува бактериите од површинскиот слој на кожата.

za-shto-se-e-korisno-chichkovoto-maslo-04.jpg

Мерки за претпазливост и несакани ефекти

Доколку сте алергични на растението, обидете се да го избегнувате. Посоветувајте се со вашиот лекар како би можеле да утврдите дали маслото е добро за вас.

Доколку сте бремени или доите, консултирајте се со лекар затоа што некои од производите од чичка, особено оние кои се земаат орално, можат да му наштетат на вашето бебе.

za-shto-se-e-korisno-chichkovoto-maslo-05.jpg

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава