5-те жени со најтенки струкови во светот

Корсетите кои го стегаат женскиот струк постојат со децении, па не е нов фактот дека со нивна помош можете да го стесните струкот. Но, овие 5 жени решиле да го направат тоа до екстремни граници.

5-te-zeni-so-najtenki-strukovi-vo-svetot-01.jpg

Како изгледаат жените со најмали, односно најтенки струкови во светот?

Етел Грандер

Етел Грандер ја носи титулата која до ден денес никој ја нема победено. За да му ја исполни желбата на својот сопруг, Етел почнала постојано да носи корсети. Како резултат на тоа, нејзиниот струк се стеснил на само 33 сантиметри.

5-te-zeni-so-najtenki-strukovi-vo-svetot-03.jpg

Кети Јунг

Кети има струк тесен 38 сантиметри, бидејќи носи корсет по 23 часа во денот.

5-te-zeni-so-najtenki-strukovi-vo-svetot-02.jpg

Мишел Кебке

Мишел е жена од Германија која знае како да го привлече вниманието на јавноста и ужива во тоа. Константното носење на корсет во рок од 3 години ѝ го намалило струкот на само 40 сантиметри.

5-te-zeni-so-najtenki-strukovi-vo-svetot-04.jpg

Јоана Спангенберг

Јоана е модел од Романија која вели дека нејзиниот тенок струк ѝ е природен, без никакви корекции или стеснувања. Тврди дека се обидува да накачи некој килограм, но не ѝ успева. Нејзиниот струк е широк само 50 сантиметри.

5-te-zeni-so-najtenki-strukovi-vo-svetot-05.jpg

Ен Вард

Ен е девојката која ги изненади сите во шоуто America’s Next Top Model, која се појави со тенкиот струк кој буквално може да се опфати со 2 раце. Никогаш нема откриено дали се работи за природно тенок струк или сепак носела корсет за да го постигне резултатот.

5-te-zeni-so-najtenki-strukovi-vo-svetot-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...

Најчитани неделава