Дали да користите навлажнувачка крема на кожа склона кон акни?

Луѓето чија кожа е склона кон акни точно знаат каква „војна“ меѓу козметичките производи се случува, додека да се најде оној кој нема да ја суши кожата, но нема да ги затвора ниту порите.

dali-da-koristite-navlazhnuvachka-krema-na-kozha-sklona-kon-akni-01.jpg

Дали ќе користите пилинг, тоник, гел за миење или директни третмани што се нанесуваат врз мозолчето, зависи од вас. Но, еден производ треба да е задолжителен - навлажнувачката крема за лице. Без оглед на акните, вашата кожа треба почесто да биде хидратирана, бидејќи ја третирате со поагресивна козметика.

Ако не користите соодветен навлажнувач за кожата, сета останата козметика може да има дури и спротивен ефект на она што го посакувате. Кога кожата е сува, полесно се иритира и акните се повидливи и поболни. Досега многу дерматолози докажале дека кога кожата е хидрирана, тогаш и акните побрзо се смируваат.

dali-da-koristite-navlazhnuvachka-krema-na-kozha-sklona-kon-akni-02.jpg

Најголем дел од производите против акни ја сушат кожата, односно го спречуваат природното мастење, па со тоа кожата изгледа како да не се грижите за неа, иако тоа е далеку од вистината.

Користете лесен навлажнувач без масло, кој може да содржи и витамини и хијалурон. И најважно, пијте доволно вода за да можете да бидете сигурни дека сте хидратирани и однатре.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава