Акните и мозолчињата се јавуваат и во возрасната доба. Зошто е тоа така, и како да се спречат?

Акните не се проблем само во тинејџерските години. Многу луѓе се соочуваат со нив и во возрасната доба.

aknite-i-mozolcinjata-se-javuvaat-i-vo-vozrasnata-doba-zosto-e-toa-taka-i-kako-da-se-sprecat-01.jpg

Дури и да не сте ги имале за време на пубертетот, акните може да се појават во 20-тите, 30-тите, па дури и во 40-тите години.

Зошто е тоа така? Њујоршкиот дерматолог доктор Џошуа Зајхнер ги навел главните причини за нивната појава во возрасната доба.

„Главните виновници за акните се масна кожа, бактерии, мртви клетки на кожата кои ги затнуваат порите и воспаленијата. Промените во хормоните, стресот и исхраната исто така играат голема улога“, открил дерматологот.

Тој исто така ја објаснил и главната разлика меѓу тинејџерските и акните во возрасната доба.

aknite-i-mozolcinjata-se-javuvaat-i-vo-vozrasnata-doba-zosto-e-toa-taka-i-kako-da-se-sprecat-03.jpg

„Кога сте во пубертет, промените во хормоните се нормална појава и тие се една од главните причини за појава на акни, додека во возрасната доба, стресот може да предизвика нарушување на хормоните, а со самото тоа и акни.“

Она што треба да го направите за да се ослободите од акните по пубертетот е да го одбегнувате стресот што во денешно време навистина е тешко, но вреди да се пробаат некои од популарните методи, како што се медитација, физичка активност, плетење и други релаксирачки хобија.

Исто така, водете подобра грижа за вашата кожа. Темелно чистете ја, секојдневно хидрирајте ја и барем еднаш неделно правете пилинг со којшто ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе го спречите затнувањето на порите. Eucerin® Dermo Pure Регенеративна нега ефикасно го намалува црвенилото, ги отвара порите и ја заштитува кожата од појава на нови акни. Производот има и силно антибактериско дејство во текот на ноќта. Благодарение на ликохалконот A и силно концентрираниот декспантенол, води до смирување на иритациите и помазна кожа.

aknite-i-mozolcinjata-se-javuvaat-i-vo-vozrasnata-doba-zosto-e-toa-taka-i-kako-da-se-sprecat-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава