5 грешки поради кои косата ви е тенка и безживотна

Го пробавте секој можен трик, но косата и понатаму ви изгледа тенко, безживотно и ненегувано. Можеби проблемот не е во тоа што правите, туку како ја негувате својата коса.

5-greshki-poradi-koi-kosata-vi-e-tenka-i-bezzhivotna-01.jpg

Ова се петте најчести грешки поради кои косата изгледа како да е залепена на вашата глава:

Користите премногу регенератор

Регенераторот е важен дел од целосната нега на косата, но многумина прават грешка со неговата употреба иако не се свесни за тоа. Најпрво, не треба да го нанесувате во коренот, туку само од половината на должината до врвовите, а потоа треба добро да го исплакнете, додека мократа коса не почне да ви „шкрипи“ меѓу прстите.

Не користите препарати за волумен

Постојат козметички производи во форма на спреј или пудра, што можете да ги нанесете во коренот и тие да додадат визуелно повеќе волумен. Исто така, користете и шампон и регенератор за повеќе волумен на косата.

5-greshki-poradi-koi-kosata-vi-e-tenka-i-bezzhivotna-02.jpg

Користите преса за исправување пречесто

Со исправувањето на косата автоматски правите таа да изгледа тенко и безживотно по само неколку часа. Како што можете да видите, дури и Кејт Мидлтон и Меган Маркл најчесто ја носат косата природна, без многу стилизирање, па зошто да не можете и вие самите така.

Лош избор на скратување на косата

За повеќе волумен, потребно е да ја обликувате косата слоевито. Рамното шишање визуелно прави косата да изгледа тенка и без волумен.

Не користите пена за коса

Пената за коса е клучна кога ви е потребно да додадете повеќе волумен и текстура на својата фризура. Заборавете на мазното пеглање на косата, „изгужвајте“ ја со пена за коса и исушете ја со фен.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса - 8 идеи за деновите кога не можете да ја измиете Има денови кога мора да отидете „меѓу луѓе“, но косата ви е мрсна, а вас ве мрзи...

Најчитани неделава