Проверено и делотворно: Домашен лосион од 2 состојки против опаѓање и брз раст на косата

Популарната блогерка за убавина Фара Дукаи која страда од алопеција, односно опаѓање на косата во одредени делови од скалпот, неодамна сподели едноставен домашен рецепт за подготовка на лосион против оваа непријатна појава.

Domasen-losion-od-2-sostojki-protiv-opagjanje-na-kosata-01.jpg

Оваа мешавина ја поттикнува циркулацијата на темето, коренот на влакното е добро нахранет и на тој начин не само што косата престанува да паѓа, туку и се стимулира растот на истата.

Потребни ви се само 2 состојки кои веќе ги имате дома: маслиново масло и црн бибер.

Зошто делува?

Маслиновото масло го навлажнува и хидрира скалпот. Црниот бибер кој е „ѕвезда“ на оваа едноставна мешавина ги зајакнува фоликулите и го спречува опаѓањето на косата, стимулирајќи циркулацијата во скалпот. 

Истовремено, тој врши ексфолијација на мртвите клетки кои се напластуваат на скалпот и не му овозможуваат да „дише“.

Имајте предвид дека црниот бибер е „лут“ па ќе предизвика благо пецкање на скалпот, помагајќи им на фоликулите да се регенерираат.

Како се подготвува?

Добро измешајте 1 шолја маслиново масло и 1 лажица мелен црн бибер.

Најидеално би било ова да го сторите со рачен блендер, а мешавината според Фара треба да изгледа како кал, односно вода од мочуриште. Откако ќе ја добиете смесата, префрлете ја во тегла, добро затворете ја и оставете да отстои најмалку 2 недели.

После тоа само ја процедувате и вашиот лосион против опаѓање и брз раст на косата е подготвен. Но, бидете внимателни и нанесувајте го само во коренот, односно на кожата на главата пред спиење. Нежно масирајте го скалпот со главата наведната надолу со цел да ја поттикнете циркулацијата уште повеќе.

Се препорачува третманот да се практикува 3 пати неделно за максимални резултати.

Запаметете дека косата расте од коренот, така што секоја маска или лосион кои ги нанесуваме на врвовите односно краевите на косата нема да придонесат за нејзиниот побрз раст, бидејќи мора да водиме сметка првенствено да биде добро нахранет коренот на косата.

Погледнете го видеото за полесна подготовка на лосионот:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава