Девојка веќе 6 месеци не ги бричи нозете - реакциите поделени

Ана од Шпанија вели дека едноставно ја мрзи да го прави тоа и ја нервираат стереотипите во општеството дека жените мора да имаат мазни нозе.

devojka-vekje-6-meseci-ne-gi-brichi-nozete-reakciite-podeleni-01.jpg

Ана Калатајуд Перез-Манглано (24) од Шпанија одлучи да престане да се бричи во ноември минатата година затоа што едноставно не сакала повеќе да го прави тоа. Таа изјави дека ќе почне повторно кога ќе почувствува дека сака.

Но, по прикачувањето на фотографиите од нејзините влакнести нозе на социјалните мрежи, студентката стана мета на потсмев и на нејзина сметка имаше низа сурови коментари.

devojka-vekje-6-meseci-ne-gi-brichi-nozete-reakciite-podeleni-06.jpg

devojka-vekje-6-meseci-ne-gi-brichi-nozete-reakciite-podeleni-07.jpg

Таа откри дека добивала низа пораки од типот: „Сигурно си немала секс долго време“ и „Би ѝ раскинал на девојка ми да изгледаше како тебе“.

Ана вели дека едноставно е мрзелива, не сака да се бричи или депилира и нема комплекс поради тоа.

devojka-vekje-6-meseci-ne-gi-brichi-nozete-reakciite-podeleni-04.jpg

„Не се срамам од своите влакнести нозе. Ние жените избираме дали ќе се бричиме или не. Не сакам општеството да ме обврзува да правам нешто. Откако престанав во ноември, не сум се избричила до денес и не знам кога ќе почнам пак.“

devojka-vekje-6-meseci-ne-gi-brichi-nozete-reakciite-podeleni-02.jpg

Иако добила тон негативни коментари, Ана е среќна што добила и коментари за поддршка во кои некои жени ѝ заблагодариле што направила женските влакнести нозе да бидат прикажани како нешто нормално.

devojka-vekje-6-meseci-ne-gi-brichi-nozete-reakciite-podeleni-08.jpg

devojka-vekje-6-meseci-ne-gi-brichi-nozete-reakciite-podeleni-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени трендови за маникир и 7 нови што ќе ги заменат оваа сезона Додека цветчињата се застарени, бебешко сината нијанса е модерна и доаѓа на мест...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Трендови за маникир кои веќе се застарени + 6 нови што ќе ги гледаме насекаде Додека светкавиот маникир делува нападно и застарено, суптилните дезени со светк...
Трендови за маникир што доминираат периодов (и три што веќе застаруваат) Путер жолтиот маникир веќе застарува, но затоа, пак, топлите нијанси на кафе ил ...
4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе би...

Најчитани неделава