EUCERIN 30% UREA Repair PLUS – за моментно и долготрајно подобрување на симптомите на сува кожа

Сувата кожа е се почест проблем! Суви, задебелени, груби и перутави делови се само дел од надворешните појави и први симптоми дека имаме проблем со сувост на кожата. Стресот, внатрешните фактори дополнително доведуваат до намалена количина на вода и маснотии на површината на кожата, и до нарушување на нејзините функции. Во сувата кожа полесно навлегуваат алергени и микроорганизми кои дополнително ја влошуваат состојбата и водат до поголема сувост и затегнатост, перутање, чешање, па дури и појава на црвенило, односно воспаление на одредени места. Сите овие промени, создаваат постојан или периодичен јадеж, кој видно вознемирува!

eucerin-30-urea-repair-plus-za-momentno-i-dolgotrajno-podobruvanje-na-simptomite-na-suva-kozha-001.jpg

Како одговор на овие проблеми медицинската козметика Еуцерин го креираше EUCERIN 30% UREA Repair PLUS, производ кој моментално и долготрајно помага да се надминат проблемите со сувата кожа. Обезбедува ефикасна ексфолијација со 30% уреа, ја хидрира кожата со природни хидратирачки фактори и ја обновува кожната бариера со помош на серамидите. Eucerin so 30% уреа е наменет само за делови од телото со сува, груба и задебелена кожа, каде сакаме да постигнеме отстранување на наслагите на кожата (како на пример задебелена и груба кожа на стапалата, псоријатични плаки и слично). Останатата кожа треба да се негува зависно од потребите со производите со 5 или 10% концентрација на уреа, бидејќи 30% уреа не е за нега на целото тело.

Студијата која ја реализираа медицинските истражувачи во Баерсдорф, потврди дека кај дури 95% од испитаниците има одлична подносливост од кожата, а кај речиси сите испитаници има видно подобрување со состојбата на кожата, како и на псоријатичните плаки.

Уреата се смета за еден од најважните и најмоќни природни хидратантни фактори (ПХФ) на кожата. Нејзиниот ефект во производите е засилен со додавање и на други ПХФ-и, па така имаме уште поголема задршка на вода во кожата. Заради намалената функција на лојните жлезди во производите има ставено и церамиди. Церамидите се природна состојка на кожата, која видно ја подобрува бариерната функција на кожата. Содржи и глуко-глицерол, супстанција која ја активира аквапоринската мрежа и овозможува оптимална хидратација на кожата во длабочина.

eucerin-30-urea-repair-plus-za-momentno-i-dolgotrajno-podobruvanje-na-simptomite-na-suva-kozha-2.jpg

Резултати од студијата по само една седмица од користење на овој производ:

  • 90% Видно се намалува грубоста на кожата со текот на времето
  • 93% Сувите и распукани делови на кожата се видно помазни
  • 97% Ја обновува и ја заштитува кожата
  • 90% Прави да се чувствувам подобро заради надворешниот изглед на моите стапала
  • 97% Допринесува да се чувствувам добро

Во Македонија има и Еуцерин лосиони со 5% и 10% Уреа за нега на сува кожа .Производите со уреа имаат и други активности кои ги прават многу погодни во третманот на дерматолошките заболувања. Истите може да бидат искористени и како подлога на која, зависно од клиничката состојба и потребите на кожата, докторите можат да додадат и соодветни лекови, бидејќи уреата ја подобрува пенетрацијата и/или активноста на други лекови за локален третман на кожата, како што се топичните кортикостероиди, антралинот,  третионинот, салицилната киселина и др. Зависно од концентрацијата, уреата ги отстранува и изумрените површински клетки и го смирува интензивниот јадеж. Сите овие бенефити можеме да ги искористиме за нега на сува и многу сува кожа, возрасна сува кожа, невродерматитис, дијабетес, псоријаза и сл. и да уживаме во својата кожа.

Еуцерин производи за нега на сува кожа:

5% Urea дневен и ноќен крем за нега на сува кожа на лицето,

5% UreaRepair PLUS крем за нега на сува, груба и распукана кожа на рацете,

10% UreaRepair PLUS крем за нега на суви и груби стапала,

гел за миење и шампон со 5% уреа и два лосиони за тело

5% UreaRepair PLUS хидратантен лосион и 10% UreaRepair PLUS регенеративен лосион за нега на сува кожа пратена со јадеж.

Eucerin® 5% UreaRepair PLUS Крем за тело.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава