Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Стручната јавност се запозна со иновативната колекција Еуцерин “Анти-пигмент”

Денес, пред голем број на доктори-дерматолози, фармацевти и новинари, медицинската козметика Еуцерин и официјално ја претстави новата високо иновативна колекција Еуцерин“Анти-пигмент” наменета за нега на кожа склона кон хиперпигментација.

strucnata-javnost-se-zapozna-so-inovativnata-kolekcija-eucerin-anti-pigment-01.jpg

Д-р Соња Петрушеска на почетокот на своето излагање истакна дека развојот на анти-пигмент линијата започна пред 10тина години, кога за прв пат во историјата на човештвото, научниците од Еуцерин успеаја да го добијат во стабилна состојба човечкиот ензим тирозиназа, одговорен за создавање на пигментот во кожата. До неговото откритие сите истражувања беа правени на печурки, кои што пигментираат слично со човечката кожа. Беа испитани повеќе од 50.000 состојки и меѓу нив откриена една активна состојка наречена тиамидол, која делува подобро од сѐ што е познато до сега за третман на хиперпигментации. Состојката Тиамидол беше имплементирана во 4те производи на анти-пигмент линијата, односно дневен крем кој има и СПФ30, ноќен крем кој освен тиамидол содржи и декспантенол, серум со двојно дејство кој истовремено ги третира хиперпигментациите и брчките и го зголемува ефектот на кремите за нега и спот-коректорот којшто е наменет за третман на поединечни, помали, хиперпигментни промени на кожата.

Впечатливо е што првите видливи резултати на кожата се забележуваат само после 2 недели редовно нанесување на производите. Клиничките студии ја потврдија безбедноста и ефикасното дејство на производите на кожа засегната од хиперпигментации, а Анти-пигмент производите може слободно да ги користат сите луѓе коишто се засегнати со овој проблем, како што се бремените жени, доилките, жените во климактериум, помладите после лекување на акни и сл.

strucnata-javnost-se-zapozna-so-inovativnata-kolekcija-eucerin-anti-pigment-02.jpg

На конференцијата беше истакнато дека сите типови на кожа можат да бидат подложни на хиперпигментација, состојба при која се појавуваат темни дамки и флеки, првенствено на лицето, дланките и надлактиците, и која може да предизвика значајни непријатности. А причинители за појава на хиперпигментација се подолга изложеност на сонце, стареењето на кожата како и хормоналните промени.

„Без разлика кого погодува, главната причина за хиперпигментација е секогаш истата: зголемено лачење на меланин”, објасни др. Соња Петрушеска, медицински претставник на Баерсдорф во Македонија. „Меланинот служи за природна заштита против УВ сончевите зраци. Но, доколку се произведе премногу меланин и тој е нееднакво распределен, се развиваат видливи пигментирани дамки кои ги нарекуваме хиперпигментација.”

strucnata-javnost-se-zapozna-so-inovativnata-kolekcija-eucerin-anti-pigment-03.jpg

Со цел да се постигнат најдобрите можни резултати, Еуцерин “Анти-пигмент” треба да се употребува редовно. Сите производи се докажано ефективни и во исто време лесни за користење. Со секојдневна употреба, ефектите континуирано се подобруваат. Производите кои содржат Тиамидол можат да бидат употребувани максимум 4 пати на ден.

Колекцијата се состои од:

  • Еуцерин “Анти-пигмент” Серум со двојно дејство: го комбинира новопатентираниот Тиамидол со концентрирана хијалуронска киселина во иновативен двокоморен систем,
  • Еуцерин “Анти-пигмент” Крем за дневна нега: нуди третман на хиперпигментации и заштита од сонце со фактор 30,
  • Еуцерин “Анти-пигмент” Крем за ноќна нега: овозможува и дополнителна помош во обновата на клетките на кожата во текот на ноќта со декспантенол,
  • Еуцерин “Анти-пигмент” Коректор на дамки: наменет е за прецизен третман на помали и јасно ограничени делови на кожата засегнати со хиперпигментација.

strucnata-javnost-se-zapozna-so-inovativnata-kolekcija-eucerin-anti-pigment-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg