Ќелава 31-годишна стјуардеса ги поместува стандардите за убавина

Рима се соочува со алопеција, го прифатила болниот факт дека косата нема да ѝ порасне повторно и самоуверено без перика оди на работа.

kjelava-31-godishna-stjuardesa-gi-predizvikuva-standardite-za-ubavina-01.jpg

Рима Тхејсен (37) е атрактивна стјуардеса во црвена униформа, но се издвојува од другите по едно нешто - таа нема коса.

Таа ја има најекстремната форма на алопеција (alopecia universalis) и нема коса не само на главата, туку и на рацете, нозете и интимата.

Откако се соочила со оваа ситуација, сосема ја избричила главата, си ставила вештачки трепки и на претпоставените им рекла дека планира така да оди на работа. Нејзината компанија Virgin Atlantic го прифатила тоа и Рима поставува нови стандарди за убавина.

Открива дека луѓето постојано ја прашуваат дали минува низ третман на хемотерапија, но откако ќе им каже со што се соочува тие ѝ велат дека не знаеле дека постои такво нешто, па неа ѝ е мило што ја поткрева јавната свест за алопецијата.

„Не среќавате многу ќелави жени. Ова е ретка состојба. Кога се качувам на лет си помислувам – повторно само јас сум ќелава, но не сакам да носам перики. Имам неколку, но ми пречат и ги носам само кога со сопругот имам некоја специјална ноќ за состанок“, открива Рима.

Таа додава дека некои од луѓето дури мислат дека е нејзин моден избор да се избричи ќелава затоа што им изгледала многу самоуверено.

Косата почнала да ѝ паѓа во бременоста и не престанала, па одлучила да ја избричи сосема наместо да го гледа тој мачен процес. Докторите ѝ рекле дека косата нема да ѝ порасне повторно.

Запознајте ја инспиративната стјуардеса:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Долга коса, светки на кожа – 10 трендови за убавина од Мет гала 2026 кои ќе доминираат насекаде Екстремно долгите коси се враќаат во мода, но и лабаво фатените опавчиња наместо...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...

Најчитани неделава