Д-р Павлинка Папчева: Промени на кожата од прекумерната изложеност на сонце

Хроничните оштетувања на кожата како резултат на долгогодишното акумулирано влијание на сонцето се често среќаван проблем во нашата секојдневна пракса, особено кај повозрасните пациенти. Едно од тие оштетувања на кожата кое го сретнуваме вообичаено кај пациентите после 50-год. возраст е предвременото стареење на кожата предизвикано од УВ-те зраци, наречено фотостареење или дерматохелиоза. Оваа состојба е поизразена кај лица со секојдневна изложеност на сонце, пред сѐ поради нивната професионална ангажираност (земјоделци, градежни работници, спортисти), но секако големо влијание има и генетската предиспозиција за појава на истите. Основни карактеристики на оваа состојба се истенчување на површинските слоеви на кожата, појава на видливи капилари и дамчести кафени промени (атрофија на епидермисот, телеангиектазии, хиперпигментација), коишто всушност се главните знаци на предвремено остарена кожа.

dr-pavlinka-papceva-promeni-na-kozhata-od-prekumerna-izlozenost-na-sonce-01.jpg

Друга често среќавана промена на кожата е соларното лентиго. Така ги нарекуваме бројните дамчести флеки со ѕвездолика форма кои се јавуваат на оние делови на кожата кои најчесто горат на сонце, како на пример рамениот појас, грбот и главата.

За разлика од соларното лентиго кое се сретнува подеднакво и кај двата пола зависно од изложеноста на сонце, актиничната кератоза е промена на кожата која ја сретнуваме почесто кај повозрасните мажи. Тоа се задебелени делови на кожата кои личат на лушпи кои не отпаѓаат, а најчесто се гледаат на скалпот кај мажите со проретчена коса или без коса (алопеција).

dr-pavlinka-papceva-promeni-na-kozhata-od-prekumerna-izlozenost-na-sonce-02.jpg

Во дерматовенерологијата постојат повеќе начини на коишто ги третираме кожните промени настанати под дејство на прекумерната изложеност на сонце: криотерапија, 5% флуороурацил, имиквимод, хемиски пилинзи, ласерски третмани… За жал за овие состојби нема дефинитивен третман, бидејќи кожата памети сѐ што ѝ се случувало.

Затоа на голем дел од нашите пациенти после спроведеното лекување им советуваме да се јавуваат на контролни дерматолошки прегледи 1-2 пати годишно и истовремено да користат ефикасна и проверена заштита од сонце.

dr-pavlinka-papceva-promeni-na-kozhata-od-prekumerna-izlozenost-na-sonce-03.jpg

Кај народот е позната изреката “Подобро спречи, отколку да лекуваш!” Затоа ние дерматовенеролозите пред сѐ советуваме умерено изложување на сонце и особено избегнување на интензивното летно сонце, носење на капа, очила, соодветна летна облека и секако заштита на кожата со соодветни производи за заштита од сонце, со коишто всушност спречуваме прекумерна акумулацијата на сончевите УВ зраци и оштетување на кожата.

Уште подобро е ако производите освен заштита од УВА и УВБ зраци овозможуваат и биолошка заштита од сонце, што подразбира подршка и зајакнување на сопствените кожни регенеративни и репаративни механизми за заштита од сонце. Како лидер во заштитата од сонце, производите од медицинскиот бренд Еуцерин овозможуваат сѐопфатна и највисока заштита на кожата од сонце.

Има повеќе различни производи за заштита од сонце, со цел да се задоволат индивидуалните потреби на секој корисник: за лице, за тело, за деца, како и за луѓе со алергии на сонце.

Заштитете ја вашата кожа најдобро што умеете во младоста, бидејќи само така ќе имате убава и здрава кожа со која ќе можете секогаш да се гордеете.

dr-pavlinka-papceva-promeni-na-kozhata-od-prekumerna-izlozenost-na-sonce-04.jpg

dr-pavlinka-papceva-promeni-na-kozhata-od-prekumerna-izlozenost-na-sonce-05.jpg

Совети од  Д-р Павлинка Папчева,
спец.дерматовенеролог, Здр.дом Железничар

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg