5 грешки што треба да ги избегнувате доколку ја бричите бикини зоната

Веројатно ви е добро познато дека не треба да користите тап брич, дека треба да ги скратите подолгите влакна и дека подобро е да користите пена за бричење отколку гел за туширање.

5-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-dokolku-ja-brichete-bikini-zonata-01.jpg

Сепак, постојат уште некои грешки при бричењето на бикини зоната кои е најдобро да ги избегнувате. На овој начин бричењето ќе го направите поедноставно и ќе ги избегнете потенцијалните проблеми.

Почнувате со бричење веднаш штом ќе влезете под туш

Дали веднаш почнувате со бричење штом ќе влезете под туш? Најдобро е да го промените редоследот и да го оставите бричењето за крај.

Дури после туширањето кожата е навлажнета, а фоликулите се доволно омекнати така што се намалува ризикот од рани и иритација, како и сраснати влакна.

Заборавате на пилингот

Пилингот е најдоброто решение за сраснати влакна, без разлика дали се депилирате или бричете. Со пилингот ги отстранувате мртвите клетки од кожата, па ја правите помека и посјајна.

Со овој третман не само што ќе се ослободите од сраснатите влакна, туку и ќе го спречите настанувањето на нови. Па, пред бричење, или кој било друг метод за отстранување на влакната, направете пилинг на вашата кожа.

Го користите вообичаениот лосион за тело и на бикини зоната

Доколку кожата ви е надразнета и сува после бричење, најверојатно нанесувате лосион. Но, ова е лош избор бидејќи лосионите неретко содржат состојки што ја иритираат свежо бричената кожа.

Наместо тоа набавете крема со смирувачко дејство и со антивоспалителни својства.

Се бричете „на суво“

Колку пати ви се случило да го оставите бричењето за крај, па да почнете да се бричете со неподготвена кожа? Следниот пат одвојте барем 5 минути за подготовка.

На местото коешто ќе го бричете ставете топла крпа за колку-толку да ги омекнете фоликулите.

Веднаш по бричењето облекувате секси долна облека

Иако изгледа неверојатно, долната облека со чипка или танга може дополнително да ја иритира бричената кожа. Исто така може да предизвика сраснување на влакната.

Најдобро е по бричењето да облечете памучна долна облека и да ѝ овозможете на кожата да се опорави.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава