5 женски парфеми со мирис на лето

Со менувањето на годишните времиња се менува и нашата рутина, која летото најчесто станува полесна. Со доаѓањето на летото најчесто го менуваме и парфемот, па наместо тежок, употребуваме парфем со свежи, цветни и тропски ноти.

5-sovrsheni-letni-parfemi-01.jpg

Покрај свежиот мирис, неретко, летните парфеми имаат и навистина интересни шишенца, направени токму во духот на летото.

Доколку сè уште не можете да се одлучите за вашиот летен парфем, во продолжение погледнете неколку одлични предлози:

Burberry: My Burberry Blush

Станува збор за интензивен женствен парфем, инспириран од лондонските расцутени градини. Мирисот е свеж и ја отсликува женската енергија која потсетува на будење на природата.

Мешавината од лимон, роза и јасмин го дава вистинскиот мирис на цветна градина.

5-sovrsheni-letni-parfemi-02.jpg

Lancome: La Vie Est Belle

Овој парфем е симбол на слободата и среќата. Џулија Робертс бил инспирација за овој парфем, како олицетворение на убавината и среќата.

Основната нота се тонови на црна рибизла и слатка круша, додека срцето на парфемот го сочинува перуника и женствена нота на јасмин.

5-sovrsheni-letni-parfemi-03.jpg

Gucci: Bloom

Овој парфем е инспириран од мирисот на расцутениот цвет. Женственоста ја дава токму комбинацијата од ѓумбир и нежни горски ноти.

5-sovrsheni-letni-parfemi-04.jpg

Dior: Miss Dior Absolutely blooming

Комбинацијата на црвени бобинки и мирис на цвеќе преставува вистински сладок избор за сите нежни дами.

5-sovrsheni-letni-parfemi-05.jpg

Marc Jacobs: Daisy Love Eau So Sweet Woman

Неодоливо свежиот и сладок парфем е одличен избор за сите модерни дами. Додека горниот тон на парфемот е малина, срцето претставува бела рада и млеко од јасмин.

Овој парфем истовремено носи и сласт и свежина.

5-sovrsheni-letni-parfemi-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава