Дали е безбедно да ја бојадисувате косата во текот на бременоста?

Боење на косата во текот на бременоста многу време се сметал за забранет чин. Не постојат цврсти индикатори кои покажуваат дека боење на косата за време на бременоста може да влијае на самата бременост. 

Dali e bezbedno boenje na kosata vo tekot na bremenosta 01

Сепак, треба да се има на ум дека овие истражувања се многу ретки, бидејќи се тешки за истражување. Во продолжение на текстот ќе дознаете дали е ова опасно, кои мерки на претпазливост можете да ги преземете и кои бои се најдобри за користење.

Веднаш на почетокот ќе го решиме вечното прашање: дали е безбедно боење на косата во текот на бременоста? Одговорот е - да.

Боите содржат хемикалии - пероксид и амонијак, меѓутоа, во многу мала количина, поради што не се сметаат за токсични. Освен тоа, бојата не останува доволно долго во контакт со кожата за да се апсорбира во крвотокот и на тој начин да го оштети бебето.

Затоа се смета дека боење на коса не е токсично дури ни за време на доењето, бидејќи хемикалиите не се апсорбираат во млекото. Меѓутоа, ако имате отворени рани на главата, апсорпцијата на хемикалиите во крвотокот се зголемува.

Dali e bezbedno boenje na kosata vo tekot na bremenosta 02

Некои лекари веруваат дека ова не треба да се прави во текот на раната бременост, бидејќи во тој период се формираат органите. Тие советуваат бојадисување на косата по првиот триместар.

Мерки на претпазливост за бојадисување на косата во текот на бременоста

- Ако никогаш до сега не сте ја бојадисувале косата, прво направете тест на мала површина за да видите дали ќе имате реакција, иритација или алергија.

- Строго следете ги инструкциите на пакувањето. Користете ракавици и не ја оставајте бојата премногу долго на вашата коса.

- Имајте на ум дека бременоста може да влијае на промената на структурата на косата. Ова значи дека вашата коса може да реагира поинаку на бојата. Затоа е најдобро да се направи тест на мал дел од косата.

Dali e bezbedno boenje na kosata vo tekot na bremenosta 03

- При изборот на бојата за коса, најдобро е да се изберат бои кои не содржат амонијак, пероксид или PPD (хемиска супстанца која се наоѓа во скоро сите темни бои), а најдобро е да се одлучите за алтернативно боење на косата.

Сепак, изборот е ваш и секогаш е најдобро да се консултирате со вашиот доктор!

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава