18 трикови за беспрекорен изглед од стилистите на ѕвездите

Кога ги гледате ѕвездите на црвениот тепих, сигурно си помислувате дека се совршени. Но, и овде не е сè така гламурозно.

stilistite-na-slavnite-gi-spodeluvaat-nivnite-tajni-za-besprekoren-izgled-01.jpg

Всушност, славните користат бројни трикови кои им помагаат да изгледаат беспрекорно пред очите на јавноста, а дел од нив можете да погледнете во продолжение.

CBD масло за болни стапала

Ова масло се користи за намалување на болката, ублажување на воспалителните процеси и артритисот, но наводно е одлично и за намалување на болката во стапалата. Обично славните го населувале 5-10 минути пред да ги облечат чевлите бидејќи на овој начин најмногу се чувствува неговото влијание. Овој трик можете да го користете за кои било неудобни чевли, без разлика дали се со потпетици или рамни.

Сунѓер за шминкање против дамки од дезодоранс

Сигурно ви се случило да ви останат дамки од дезодоранс на облеката. Но, славните имаат трик и за ова. Сунѓерчето што го користите за шминкање може да ви помогне да ги отстраните белите дамки од облеката. Истото можете да го направите и со хулахопки стуткани во топка.

stilistite-na-slavnite-gi-spodeluvaat-nivnite-tajni-za-besprekoren-izgled-02.jpg

Леплива трака за подигнати гради

Нема жена која не посакала деколте како на дамите од црвениот тепих. Но и зад оваа совршеност се крие трик. Многу славни користат леплива трака за да ги подигнат градите и да го подобрат изгледот на нивното деколте.

Ова им дава природен изглед, а траките издржуваат и по цела ноќ. Важно е само да одберете трака со помалку лепило.

Сапун за заглавен патент

Доколку ви заглави патентот, можете да го решите проблемот со малку сапун. Истото можете да го направите и со кора од банана, само треба да бидете внимателни да не ја извалкате облеката.

stilistite-na-slavnite-gi-spodeluvaat-nivnite-tajni-za-besprekoren-izgled-03.jpg

Фотографирајте се со блиц пред излегување

Можеби на нормално светло изгледате одлично, но кога ќе се вклучи блицот целиот труд паѓа во вода. Поради ова, секогаш фотографирајте се со блиц пред да излезете за да видите дали облеката ви е провидна и дали имате пропусти во шминкањето.

Хартија за брусење на потпетиците

Потпетиците и онака не се многу удобни за одење, а кога има лизгав под, нештата сè уште полоши. Изгледа дека црвениот тепих е навистина лизгаво место, па многу ѕвезди ставаат хартија за брусење на нивните потпетици за да го сопрат паѓањето.

stilistite-na-slavnite-gi-spodeluvaat-nivnite-tajni-za-besprekoren-izgled-04.jpg

Средување на косата со балсам за усни

Балсамот за усни може да ви помогне да ги смирите „тврдоглавите“ прамени коса. Само внимавајте да не нанесете премногу, бидејќи ќе ја измрсите косата.

Пробувајте разни пози за фотографирање

Секое парче облека може да изгледа подобро во разна поза. Па, откако ќе се средите, пред огледало пробајте неколку пози за фотографирање.

stilistite-na-slavnite-gi-spodeluvaat-nivnite-tajni-za-besprekoren-izgled-05.jpg

Покријте го лицето додека се облекувате

Кога ќе завршите со шминкање, сигурно не сакате дел од шминката да заврши на вашата облека. За да го спречите ова, на лицето ставете марама или шал додека се облекувате, особено доколку носите бела облека.

Уште 9 трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg