18 трикови за беспрекорен изглед од стилистите на ѕвездите
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-03-2020
ВОЗАЧИ 27-03-2020


18 трикови за беспрекорен изглед од стилистите на ѕвездите

Паста за заби за кожни чевли

Кога во последен момент ќе забележите дека кожните чевли ви се валкани, можете да ги исчистите со паста за заби. Пастата ќе ја прекрие секоја дамка, а чевлите ќе изгледаат како нови.

stilistite-na-slavnite-gi-spodeluvaat-nivnite-tajni-za-besprekoren-izgled-06.jpg

Навлаките за брадавици не се за секоја пригода

Во зависност од облеката, навлаките за брадавици можат да се познаваат. Според некои стилисти, многу е подобро воопшто да не ги ставате, се разбира, ако сте доволно храбри.

Долна облека со слична нијанса како кожата

Доколку носите провидна облека, одберете гаќи и градник со боја како вашата кожа. Ретко кога комбинацијата изгледа добро ако ви се познава долната облека.

stilistite-na-slavnite-gi-spodeluvaat-nivnite-tajni-za-besprekoren-izgled-07.jpg

Поголем број чевли

За да ја спречите болката од чевлите со високи потпетици, секогаш купувајте еден број поголеми. Многу познати го користат овој трик, а според стилистите, некои носат и чевли поголеми за два броја.

Шминка за погуста коса

Многу стилисти им нанесуваат сенка на косата на познатите за да им изгледа погусто. Во овој случај најважно е бојата на сенката да се совпаѓа со вашата коса.

Доколку косата ви е пуштена, можете да нанесете малку сенка на патецот, а доколку ви е собрана во опавче, нанесете сенка по должината на косата.

stilistite-na-slavnite-gi-spodeluvaat-nivnite-tajni-za-besprekoren-izgled-08.jpg

Фен за коса за брзо пеглање

Доколку немате време за пеглање, можете делумно да ја исправите облеката со фен за коса. Малку навлажнете ги изгужваните делови од облеката, пуштете го фенот на највисока температура и исушете ги влажните места.

Држете го фенот на поголемо растојание за да не ја оштети облеката.

Лак за коса против електрицитет

Доколку времето е ветровито, на вашата коса ставете малку лак. Истото можете да го направите и на облеката со повеќе слоеви.

stilistite-na-slavnite-gi-spodeluvaat-nivnite-tajni-za-besprekoren-izgled-09.jpg

Навлаки за брадавици наместо влошки за обувки

Понекогаш влошките за обувки се премногу дебели. Во овој случај ќе ви се најдат навлаките за брадавици. Можете да ги залепите на стапалото или на обувките. Исто така можете да им ја приспособите формата со ножици.

Пластична кеса за лесно облекување на чевлите

Понекогаш е вистински предизвик да ги облечете чизмите и чевлите со високи потпетици. Во овој случај ќе ви се најдат пластичните кеси.

На овој начин многу полесно ќе ги облечете чизмите бидејќи стапалото ќе се „лизга“ од кесата. Сепак, избегнувајте го овој трик доколку треба да одите долго, бидејќи пластиката не предизвикува многу триење.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 причини зошто вашата коса се мрси многу често Како што кожата лачи масти на лицето, истото се случува и на скалпот. Задачата н...
10-те тајни за убавина на Адријана Лима Таа важи за една од најубавите жени во светот. Има природна бразилска убавина и ...
Женски потресни исповеди: Како останав без коса? Ќелавоста не е исклучиво машка болка. Иако примарно ги засега припадниците на по...

Спонзорирани линкови: