Чекор по чекор: 9 домашни маникири кои нема шанси да ги промашите

Иако е најлесно да отидете во салон да ви ги средат ноктите како што сакате, сепак некогаш може да се обидете сами да ја развиете креативноста и да заштедите пари.

chekor-po-chekor-9-domashni-manikiri-koi-nema-shansi-da-gi-promashite-01.jpg

Секако, техниката е важна и не секој е способен, но овој водич со чекор по чекор инструкции ќе ви го олесни процесот, дури и ако сте почетник.

Ако имате барем малку трпение и желба сами да си направите кул маникир – одвојте време за нега за себе.

Лесни и едноставни чекори за маникир кој не чини пари:

Маникир со разлеани бои

Нанесете безбоен лак како основа и еден слој од лакот во омилената боја за нокти.

Ставете 3-4 капки лак во други бои на рамна површина. Измешајте ги со нешто тенко како чепкалка, како на фотографијата.

Притиснете во една точка од боите со печат за линиите да не бидат толку истакнати од најгорниот слој.

Потоа ставете го ноктот врз површината со лак и на крај отстранете го вишокот лак околу ноктот.

Почекајте да се исуши и намачкајте безбоен лак за сјај.

chekor-po-chekor-9-domashni-manikiri-koi-nema-shansi-da-gi-promashite-02.jpg

Омбре ефект

Намачкајте ги ноктите со основа и со еден од двете бои на лакови кои ќе ги користите за омбре.

На рамна површина истурете мала количина од двете бои на лак и во средина каде што се соединуваат измешајте ги двете бои со чепкалка.

Земете мало парче сунѓер и еден крај од него притиснете врз двете бои.

Потоа со нежни движења и благ притисок допрете го сунѓерот за ноктот.  Повторете неколку пати обновувајќи ја бојата на сунѓерот додека ноктите не добијат доволно силна боја.

Отстранете го вишокот од кожата, оставете да се исуши и намачкајте безбоен лак за сјај.

chekor-po-chekor-9-domashni-manikiri-koi-nema-shansi-da-gi-promashite-03.jpg

Маникир со огномети

Намачкајте ги нозете со основа и со лак во омилената боја, по можност темна.

Користете многу тенка четка за да нацртате неправилни линии и точка во средината со светкав лак (со светкавиот лак не се познаваат недостатоците на линиите, за разлика од обичен).

Оставете да се исуши и намачкајте со безбоен сјаен лак.

chekor-po-chekor-9-domashni-manikiri-koi-nema-shansi-da-gi-promashite-04.jpg

Ефект на витраж

Намачкајте ги ноктите со основен безбоен лак и со лак во боја и оставете да се исуши.

Потребни ви се стикери со сјаен, шарен дезен, кои ќе ги исечете на парчиња и со стапче ќе ги лепите како на сликата.

Намачкајте со безбоен лак за сјај, во неколку слоеви, за подобро да се фиксираат налепниците и површината да биде мазна.

chekor-po-chekor-9-domashni-manikiri-koi-nema-shansi-da-gi-promashite-06.jpg

Зебра маникир

Намачкајте ги ноктите со безбоен лак како основа и одозгора со лак во една од двете бои ќе ги користите.

Откако ќе се исушат, залепете тенки ленти со различна дебелина, по можност на помало растојание.

Одозгора нанесете лак во другата боја која сакате да ја комбинирате, а потоа внимателно одлепете ги лентите.

Почекајте да се исуши и нанесете лак за сјај.

chekor-po-chekor-9-domashni-manikiri-koi-nema-shansi-da-gi-promashite-07.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото) Ако сте Овен може импулсивно да изберете маникир, па да се каете, а ако сте Деви...

Најчитани неделава