5 тајни за шишањето на косата што фризерите не ви ги кажале


5 тајни за шишањето на косата што фризерите не ви ги кажале

Шишањето на косата не делува како најпрактичен потег пред студените месеци. Но без оглед дали размислувате за шишање на кратко или само сакате да ја скратите косата неколку сантиметри, овие работи дефинитивно треба да ги знаете за фризурите.

5-tajni-za-shishanjeto-na-kosata-sto-frizerite-ne-vi-gi-kazale-01.jpeg

Откријте ги петте тајни за шишањето на косата што не ви ги кажале:

1. Често шишање не предизвикува побрзо растење на косата

Доколку ги ишишате врвовите на косата, тоа нема директно да влијае на растот на косата. Врвовите на косата, всушност, немаат никаков ефект врз фоликулите на косата што ја одредуваат брзината на растот на косата во целина.

Кратењето на косата само ја прави поздрава и поубава, што е исто така важно.

2. Шишки, да или не?

Ако размислувате за шишки треба да знаете дали воопшто ќе му одговараат на вашето лице и текстурата на вашата коса.

Долгите шишки најмногу одговараат на квадратна форма на лице, додека кратките најдобро го обликуваат тркалезното лице.

5-tajni-za-shishanjeto-na-kosata-sto-frizerite-ne-vi-gi-kazale-02.jpg

3. Кратка коса - повеќе работа

Скратувањето на косата не значи дека одржувањето и грижата на косата ќе бидат полесни. Напротив, за да може фризурата да изгледа добро и уредно потребни се почести посети на фризерскиот салон.

Што на крајот значи дека ќе потрошите повеќе пари и време за одржување на кратката фризура.

4. Едно шампонирање

Не ја шампонирајте косата пред да ја исечете. Ионака ќе ја измиете косата потоа, така што нема потреба двапати да ја сушите кутикулата (заштитен слој на косата).

5. Шишање на природна коса

За природната коса понекогаш важат поинакви правила. На пример, природната коса е најдобро да се сече додека е сува.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фризури што ќе ви помогнат да издржите 6 дена без миење на косата Не постои жена која барем еднаш не го занемарила миењето на косата. Можеби сте н...
Како да ја ублажите катастрофата од промашена боја за коса? На секоја девојка во животот ѝ се случило барем еднаш да не е задоволна со новат...
Познати дами на кои убаво им стои и кратка и долга коса Кратките фризури прилегаат на заоблено лице, додека долгите повеќе им одговараат...

Најчитани неделава