Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сувата и атопична кожа бара посебна нега!

Недостатокот на влага во кожата може да се манифестира на повеќе начини, од обична рапавост, перутање, мали пукнатини на кожата, па до воспалителни промени, затегнатост на кожата и јадеж.

suvata-i-atopichna-kozha-bara-posebna-nega-01_630x340.jpg

Симптомите се разликуваат зависно од тежината на состојбата и засегнатото место. Eucerin предлага 2 групи на производи за нега на сува кожа:

EUCERIN®AtopiControl производите се наменети за деца со атопичен дерматитис и возрасни кај кои состојбата се нарекува невродерматитис. Оваа многу чувствителна и проблематична кожа во одредени делови на телото станува сува, рапава, со пукнатини, воспаление и јадеж. Причината за ваквите промени е во основа недостаток на гама-линоленската киселина, што води до послаба бариерна функција на кожата. Таа лесно губи влага и станува сува, а во обратен правец полесно пропушта алергени и микроорганизми кој ја влошуваат состојбата. Со секојдневната нега со EUCERIN®AtopiControl производите, ние всушност на кожата ѝ го додаваме тоа што ѝ недостасува сѐ додека да се стабилизира. Измивањето е со AtopiControl масло за туширање, негата на кожата по туширање со лосионот и кремот од истата линија, а егземите ги третираме со AtopiControl интензивниот смирувачки крем. Производите се клинички тестирани и безбедни и за бебиња, кај кои и најчесто се јавува атопичен дерматитис.

suvata-i-atopichna-kozha-bara-posebna-nega-02.jpg

EUCERIN®UREA производите се втората група на производи за нега на сува кожа. Уреата како активна супстанција е природен хидратантен фактор на кожата, а зависно од концентрацијата може да ги одстранува изумрените површински клетки и да го смирува интензивниот јадеж. На располагање имаме ноќен и дневен крем за нега на сува кожа на лицето, крем за нега на сува, груба и распукана кожа на рацете, крем за нега на суви и груби стапала, гел за миење и два лосиони за тело- 5% хидратантен лосион и 10% регенеративен лосион за нега на сува кожа пратена со јадеж.

suvata-i-atopichna-kozha-bara-posebna-nega-03.jpg

И AtopiControl и UREA производите се одлично прифатени од лекарите и пациентите заради многу поволниот ефект на кожата, компатибилноста со лековите и можноста да се користат неограничено време. До колку не сте сигурни што ви е потребно, консултирајте се со дерматовенеролог или фармацевт кој ќе ви помогне да го изберете најсоодветниот производ за нега на вашата кожа.   

Би можело да ве интересира:

Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg