Сѐ што треба да знаете за кератинскиот третман за исправување на косата

Откривањето на фактите за третманите со кератин се секогаш најдобрата опција, пред воопшто да се одлучите за ваков вид на третман.

se-shto-treba-da-znaete-za-keratinskiot-tretman-za-ispravuvanje-na-kosata-001.jpg

Кератинското исправување на косата е моментално еден од најголемите трендови во светот, но дали истиот е безбеден?

Што претставува кератинскиот третман?

Третманот со кератин е всушност третман за зацврстување на косата, кој навистина може да ги намали и најголемите кадрици.

Покрај исправувањето, овој третман ќе ѝ даде на вашата коса сјај и свежина, но запомнете, третманот не е траен, такашто постапката ќе треба да се повторува на секои 3 до 6 месеци.

Кератинскиот третман е одлична алтернатива за оние кои им здодеало секојдневното исправување со преса.

Важно е да знаете дека ова е хемиски третман, за кој е познато дека може да биде опасен за луѓето со чувствително теме и коса и може да предизвика разни алергии, па затоа претпазливоста и информираноста се задолжителни.

Во што е разликата помеѓу кератинското исправување и јапонските третмани?

Јапонските третмани за зацврстување на косата се во постојана промена.

Тие всушност ја менуваат внатрешната структура на вашата коса за да ги отстранат сите кадрици, такашто вие добивате сосема права коса. Овие третмани може да ја оштетат косата.

Кератинските третмани за коса, од друга страна, траат само три до шест месеци.

Тие „работат“ на исправувањето и омекнувањето на вашите кадрици, а исто така, со текот на времето, може да ја направат вашата коса поздрава.

Se-shto-treba-da-znaete-za-keratinskiot-tretman-za-ispravuvanje-na-kosata povekje 02 630x400.jpg

Како функционира третманот?

Ова е всушност еден од најважните факти за третмани со кератин што некогаш би можеле да ги научите.

Постојат хемикалии со кои ќе треба да се „справите“, кога ќе минувате низ еден ваков третман.

Една од нив е формалдехидот.

Обично, речиси секој кератински третман за исправување на косата содржи безбедна количина на формалдехид.

Оваа хемикалија има јак мирис и е познато дека предизвикува алергиски реакции и можни здравствени проблеми, затоа вашиот фризер, па и вие треба да бидете многу внимателни.

Дали кератинскиот третман за исправување на косата е безбеден?

Еден од најголемите факти за третманите со кератин, што повеќето жени сакаат да го знаат е дали е безбеден или не.

Навистина е тешка обективната проценка, односно дали овој третман е безбеден за секого или не.

Постојат многу полемики околу тоа дали навистина треба да ги вложите вашите пари во овој конкретен третман.

Како што напоменавме погоре, овие третмани не се сметаат за целосно безбедни поради концентрираните хемикалии, особено формалдехидот.

Но, во суштина, сѐ зависи од дозата. Минималното количество на формалдехидотот и останатите хемикалии е целосно безопасен.

Затоа, пред сѐ, обрнете внимание на изборот на фризерски салон и умешноста и познавањата на вашиот фризер.

se-shto-treba-da-znaete-za-keratinskiot-tretman-za-ispravuvanje-na-kosata-003.jpg

Каков тип на коса имате?

Еден важен факт за кератинските третмани што треба однапред да го разгледате е вашиот тип на коса.

Дали вашата коса е груба и тешка за четкање? Дали постојано треба да ја исправувате за да може да се чувствувате убаво и сигурно?

Во овој случај, кератинскиот третман е идеален за вас. Како и да е, пред донесување на вашата одлука, добро исконсултирајте се со вашиот фризер.

Кој третман е најфункционален за вас?

Дали знаевте дека таму има многу различни видови на третмани со кератин? Постои бразилски третман, кератински третман со јагода и многу други.

За правиот избор, повторно е потребна консултација со вашиот фризер или со некој што е добро запознаен со овој тип на третман за исправување на косата.

se-shto-treba-da-znaete-za-keratinskiot-tretman-za-ispravuvanje-na-kosata-002.jpg

Кои се придобивките?

Навистина, постојат многу придобивки кога станува збор за кератинските третмани. Ако имате кадрава коса и поминувате секојдневно многу време исправувајќи ја, овој потег навистина може да ви го промени животот! 

Звучи драматично, но всушност заштедува толку многу време од вашата подготовка. Не само што ќе заштедите време, туку вашата коса ќе изгледа многу подобро од претходно.

И што е најдобро: дождот веќе нема да биде вашиот непријател.

Што по третманот?

Откако ќе завршите со третманот, не ја миете косата три или четири дена. Не ризикувајте да ја измиете, пред да се заврши целата постапка.

По овој временски период, важно е да користите шампон без натриум сулфат за да помогнете во одржувањето на третманот.

Se-shto-treba-da-znaete-za-keratinskiot-tretman-za-ispravuvanje-na-kosata povekje 05 630x400.jpg

Консултација со вашиот фризер!

Иако веќе неколкупати напоменавме, консултацијата со вашиот фризер е најважното и најнеизбежното нешто кое треба да го направите, одлучувајќи се за ваквиот третман.

На крајот на краиштата, тие најдобро би знаеле што би било добро и правилно за вас и за вашата коса, а секако пресудно е фризерскиот салон да ви биде претходно проверен од други искуства.

Исто така, проверете колку тие се запознаени со кератинскиот третман, поставувајќи им неколку од овие прашања.

Откако ќе се уверите и одлучите, оставете ги да ве проследат низ процесот на добивање на овој посебен третман, кој со сигурност ќе ве воодушеви.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Како да го забрзате растот на косата? Рецепти од природни состојки кои може да ги направите сами дом... Дали сте од оние луѓе кои пробале многу производи за брзо растење на косата, но ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg