ATOPICONTROL – производи за основна и интензивна нега на кожа со атопичен дерматитис

На дерматолошки симпозиум, пред голем број на дерматовенеролози беа претставени производите од AtopiControl линијата на Eucerin, наменети за нега на кожа со атопичен дерматитис.

atopicontrol-proizvodi-za-osnovna-i-intenzivna-nega-na-kozha-so-atopichen-dermatitis-01.JPG

Со зголемување на процентот на луѓе кои се засегнати со овој проблем, потребата од производи за чувствителна и атопична кожа во последниве децении станува сѐ поголема. Бидејќи се работи за состојба на кожата која е наследна, а наследените гени не можеме да ги смениме, потребно е родителите и повозрасните да научат како најдобро да се справат со специфичните потреби на атопичната кожа. Со таа цел научниците од Еуцерин во соработка со дерматовенеролозите разработија производи кои ги задоволуваат потребите на атопичната кожа во двете фази- активна и мирна. Целта на негата со овие производи е да се пролонгира мирната фаза, а при активирање на знаците на атопичен дерматитис (црвени, воспалени делови на кожата пратени со интензивен јадеж) што поретко да се стигнува до потреба од лекување со кортикостероидна терапија.

atopicontrol-proizvodi-za-osnovna-i-intenzivna-nega-na-kozha-so-atopichen-dermatitis-02.JPG

Линијата има маслена купка специјално наменета за нежно измивање на чувствителната и сува кожа, како и производи соодветни за негата потоа -  лосион за тело, крем за лице и крем за нега на раце. Досегашната палета на производи за нега  е дополнета и со хидратантен лосион за нега, кој го намалува јадежот и склоноста кон црвенило и воопшто нема мирис, со цел да се избегне било каков ризик од пречувствителност кон производот.

За активната фаза на атопичен дерматитис Еуцерин предлага AtopiControl Интензивен смирувачки крем. Тој е наменет за третман на егземите, бидејќи има додадено состојки за уште подобро да делува на смирување на црвенилото и јадежот во предел на егземите. И на крај, како уште 1 новитет беше претставен СОС Спрејот за смирување на интензивен јадеж, кој многу често е редовен пропратен симптом кај атопичната кожа, но може да постои и кај други болести. Преку него науката ја покажа својата последна иновација во борбата со неподносливиот јадеж, а сме особено горди што со него успеваме на корисниците да им помогнеме за само 1 минута да го смират неподносливиот јадеж, а смирувачкиот ефект да се одржи до 6 часа.

Производите беа тестирани на бебиња, деца и возрасни со атопична кожа, при што беа докажани одличните ефекти на кожата, а истите можете да ги најдете во сите подобро снабдени аптеки во Македонија.       

atopicontrol-proizvodi-za-osnovna-i-intenzivna-nega-na-kozha-so-atopichen-dermatitis-03.JPG         

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава