Која е тајната на хијалуронската киселина?

Водата е најважниот елемент во нашето тело, тоа содржи повеќе од 60% вода. Затоа е важно да сме добро хидрирани и од внатре и од надвор. Истото важи и за нашата кожа. Ако не е доволно хидрирана таа станува сува, груба и го губи својот сјај.

koja-e-tajnata-na-hijaluronskata-kiselina-01.jpg

Сувата кожа честопати изгледа уморно и има позабележливи фини линии. На крај, но не и најмалку важно, дехидрираната кожа ја губи својата заштитна функција. Станува почувствителна на ниската влажност на воздухот и на аерозагадувањето и се појавуваат знаците на стареење.

Како делува Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел?

Ултралесниот провиден гел содржи висококонцентрирани средноверижна и кратковерижна хијалуронска киселина и глицерин. И двете состојки се природни состојки за кожата. Високоефикасната средноверижна хијалуронска киселина останува на површината на кожата каде што привлекува и задржува вода.

Кратковерижната хијалуронска киселина продира подлабоко во епидермисот и ја исполнува кожата одвнатре, намалувајќи ги првите знаци на стареење. Заедно со глицеринот, хијалуронската киселина е моќно средство за долготрајна хидратација во следните 24 часа.

Која е тајната на хијалуронската киселина?

Хијалуронската киселина е природна компонента на екстраклеточниот простор. Има способност да задржи многу вода - еден грам хијалуронска киселина може да задржи помеѓу еден и десет литри вода. Најважната улога на хијалуронска киселина е тоа што делува како пополнувач на кожата и со тоа ја намалува длабочината на брчките. За жал, нивото на хијалуронска киселина се намалува со возраста.

Со што се одликува хијалуронската киселина во Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел?

Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел е снабден со три пати повеќе хијалуронска киселина* за ефикасна и долготрајна хидратација. Во хидратантниот гел има два вида хијалуронска киселина – средно и кратковерижна. Молекулите на кратковерижната хијалуронска киселина се многу помали од тие на средноверижната и тоа им овозможува да проникнат подлабоко во епидермисот.

На тој начин хијалуронската киселина помага да се намалат знаците на стареење и ја хидрира кожата одвнатре. Средноверижната хијалуронска киселина останува на површината, каде што привлекува и задржува вода слично на магнет.

koja-e-tajnata-na-hijaluronskata-kiselina01.jpg

Како делува глицеринот?

Глицеринот е една од природните состојки на кожата и е важен за одржување на нејзината хидратација. Како „природен навлажнувачки фактор“, глицеринот има способност да привлече и да ја задржува водата, со што се спречува дехидрирање на кожата. Глицеринот ја надополнува хијалуронската киселина, која е исто така природна компонента на кожата.

Производот има само 11 состојки. Како може да биде ефикасен?

Главните активни состојки се супстанции што се содржат во кожата и ја одржуваат нејзината природна функција. Хидратантниот гел содржи три пати поголема хијалуронска киселина * и затоа е многу ефикасен.

Погоден е за сите типови на кожа, вклучително и за чувствителната кожа, а неговата ефикасност е дерматолошки докажана. Ултралесната формула е лесна за примена и брзо се апсорбира, а кожата е освежена и интензивно хидрирана.

За кого е наменет Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел?

Производот е погоден за сите типови на кожа, вклучително и чувствителна. Тој се вклопува во секоја рутина и ја надополнува серијата Eucerin® Hyaluron-Filler, така што е одлична основа за секој кој веќе користи други Hyaluron-Filler производи . Со активните состојки кои се малку на број и се со висока концентрација, ултралесната формула ја хидрира кожата долготрајно и помага за намалување на првите знаци на стареење.

Затоа, хидратантниот гел е одлично решение за секоја возраст и за сите типови на кожа. Дава моментна хидратација и не остава масни и лепливи траги на кожата. Поради оваа причина, веруваме дека и мажите би го ценеле нежниот и освежувачки ефект што го остава Eucerin® Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел.

koja-e-tajnata-na-hijaluronskata-kiselina02.jpg

Кога и како е најдобро да го нанесуваме производот?

Препорачуваме да го користите Eucerin® Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел како втор чекор во вашата рутинска нега, на добро исчистената кожа и пред да нанесете производ за нега. Моментно ќе почувствувате дека вашата кожа е хидрирана и освежена, а ефектот ќе продолжи во текот на целиот ден. Неговата нелеплива текстура го прави хидратантниот гел одлична основа за шминка.

За да ја заштитите кожата од сонцето и како превентивна мерка против фотостареење, Ви препорачуваме да користите Hyaluron-Filler дневен крем со SPF 15 или 30 како дневна нега. Ако вашата кожа е особено сува и дехидрирана, користете го подхранувачкиот Hyaluron-Filler Ноќен крем навечер, после нанесување на Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел.

Дали производот е погоден за чувствителна кожа?

Да, Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел е погоден за чувствителна кожа. Неговата ефикасност и подносливост од чувствителна кожа се дерматолошки тестирани и докажани.

За линијата на производи Hyaluron-Filler

Кога кожата старее, нивото на природно произведената хијалуронска киселина во неа се  намалува, а како последица на тоа започнуваат да се формираат површински фини линии и подлабоки брчки. 

Повеќето производи од клинички испитаната линијата Eucerin®Hyaluron-Filler содржат комбинација од хијалуронска киселина (со висока и ниска молекуларна тежина) и глицин-сапонин, којшто докажано го помага природното производство на хијалуронска киселина во кожата.

За оние луѓе кои сакаат да се справат со фините линии и брчки, линијата Eucerin®Hyaluron-Filler комбинира моќен ефект на пополнување на брчките, со одлична подносливост од кожата.  Hyaluron-Filler Хидратантниот гел ја дополнува успешната линија Hyaluron-Filler со првиот производ на Eucerin во форма на ултралесна гел-текстура, којшто на кожата ѝ дава свежина и долготрајна хидратација.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Состојки што е најдобро да ги избегнувате ако имате кожа склона кон акни Никако немојте да користите кокосово масло на лицето и прескокнете ги продуктите...

Најчитани неделава