Препораки и совети во време на корона - Како ќе изгледа следното одење на маникир?

Иако можеби периодов научивте сами да си ги средувате ноктите за да изгледаат пристојно и без професионална нега, сепак сите едвај го чекаме моментот кога за првпат ќе се вратиме во омилениот салон на маникир и педикир.

preporaki-i-soveti-vo-vreme-na-korona-kako-ke-izgleda-slednoto-odenje-na-manikir-001_resize.jpeg

Некои козметички салони веќе почнаа со работа, а останатиот поголем дел ќе започнат наскоро, но сепак треба да останете внимателни.

Во скоро време ќе мора да се придржуваме до неколку основни правила, како би си го сочувале здравјето и не би се опуштиле предвреме.

Правила кои треба да се следат во козметичките салони:

Штом пристигнете, во просториите за чекање треба да бидат поставени дезинфекциски средства кои ќе мора да ги употребите.

Доколку салонот нема доволно голем простор за чекалница, во која клиентите ќе бидат на физичка раздалеченост од 1,5-2 метри, најдобро е да чекате надвор.

Во деловите на салонот каде ќе се извршува плаќање на услугите би требало да има прегради од плексиглас или друг провиден материјал.

При третманот неопходна е оддалеченост од 1,5-2 метри. Доколку тоа е физички неизводливо, како на пример при маникир, пожелно е козметичарите да носат визир.

Треба да оставите податоци кога сте пристигнале, а кога сте заминале од салонот.

Задолжително е носење на маски, како на вработените, така и на клиентите.

Се препорачува и безготовинско плаќање, односно плаќање со картичка, како и избегнување да консумирате пијалаци или храна при третманот.

Останува и правилото дека кога стерилизацијата е невозможна, опремата, приборот и материјалот за работа е неопходно да се дезинфицира по секоја употреба. Строго е забранета работа на повеќе клиенти без претходно чистење на околината и приборот.

Внимавајте каде одбирате да одите, бирајте ги местата кои се придржуваат до овие правила за заштита на клиентите, но и вие бидете одговорни и почитувајте ги истите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото) Ако сте Овен може импулсивно да изберете маникир, па да се каете, а ако сте Деви...
Трендови за маникир кои веќе се застарени + 6 нови што ќе ги гледаме насекаде Додека светкавиот маникир делува нападно и застарено, суптилните дезени со светк...
Застарени трендови за маникир и 7 нови што ќе ги заменат оваа сезона Додека цветчињата се застарени, бебешко сината нијанса е модерна и доаѓа на мест...

Најчитани неделава