„Имав 5 трансплантации на коса, ова е мојата лузна, 17 години се срамев од неа“

Голем број на мажи имаат проблем со ќелавење и се чувствуваат ранливо во врска со тоа, еден холивудски актер отворено проговори.

imav-5-transplantacii-na-kosa-ova-e-mojata-luzna-17-godini-se-sramev-od-nea-01.jpg

Актерот Чејен Џексон (44) неодамна објави фотографија на Инстаграм од голема лузна на неговата глава. Тој отворено проговори за проблемот со губењето на косата и операциите што ги направил.

imav-5-transplantacii-na-kosa-ova-e-mojata-luzna-17-godini-se-sramev-od-nea-04.jpg

„Стравувам од овој ден веќе 17 години. Од денот кога мојата ужасна тајна ќе биде откриена“, напиша тој и откри дека неговата лузна на главата не е од операција на мозокот, ниту од напад на ајкула.

„Имав трансплантација на коса. Поточно 5 во текот на 14 години“, призна тој.

Чејен конечно собра храброст отворено да говори за проблемот што ги мачи многу мажи – губењето на коса многу рано во животот. Тој призна дека поради срамот од трансплантациите се чувствувал засрамено и анксиозно, но сега одлучил да говори отворено за проблемот.

Почнал да ја губи косата на 22 години и се чувствувал многу ранливо со секое изгубено влакно, се чувствувал непривлечно и првата операција ја направил на 28 години. Била болна и скапа процедура, но тој почнал да се чувствува подобро во врска со себе.

imav-5-transplantacii-na-kosa-ova-e-mojata-luzna-17-godini-se-sramev-od-nea-02.jpg

Но, додека со трансплантацијата ја заменил косата која веќе му опаднала, неговата коса продолжила да слабее, па потоа имал уште процедури изведени тајно.

Притисокот во филмската индустрија во која убавината е на цена направила ова да го чува како тајна толку долго.

„Го споделувам ова затоа што се надевам дека ќе помогнам на некој што исто така крие некоја тајна или лузна од која се плаши да го симне товарот од своите гради“, порача Џексон кој додаде дека најважно му е да ги научи неговите деца на вистинските вредности, односно да се прифатат себеси и да бидат тоа што се.

imav-5-transplantacii-na-kosa-ova-e-mojata-luzna-17-godini-se-sramev-od-nea-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓ...

Најчитани неделава