Фризер ги охрабрува жените гордо да ја покажат својата побелена коса – најдобрите трансформации (фото)

Повеќето жени се обидуваат да ги скријат белите влакна, а не можете да им судите поради оваа одлука.

frizer-gi-ohrabruva-i-im-pomaga-na-zhenite-gordo-da-ja-pokazhat-pobelenata-kosa-foto-01.jpg

Белата коса неретко ја поврзуваме со старост и иако е нешто сосема природно, жените, па и некои мажи, чувствуваат потреба да ја скријат.

Но, еден фризер од Калифорнија успева да ги охрабри жените гордо да ја покажат нивната бела коса, и им помага да го направат тоа.

Пред околу три години, една жена му рекла на фризерот Џек Мартин дека со години ја фарбала нејзината бела коса, и тоа еднаш месечно. Но, веќе ѝ здодеало толку да се грижи за нејзината боја и сакала да заштеди време на тоа.

Тогаш Џек добил одлична идеја – ја офарбал нејзината коса со сиво-сребрена нијанса, слична како нејзината побелена коса. На жената веднаш ѝ се допаднала трансформацијата.

Сега Џек ја користи неговата техника за многу жени. Наводно, прво ја отстранува вештачката боја, а потоа ја фарба косата со нијанса слична на природната. На овој начин, дури и кога косата ќе порасне, жените не мора веднаш да ги фарбаат корените.

„Моите клиенти со природна побелена коса доаѓаат само 2-3 пати годишно во салонот, наместо на секои неколку недели“, вели фризерот.

Ако и вие се мачите да ја скриете побелената коса, можеби фотографиите од салонот на Џек ќе ве инспирираат гордо да ја покажете:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава