„Престанав да ја мијам косата 2 седмици“ - што се случи? (фото)

prestanav-da-ja-mijam-kosata-2-sedmici-shto-se-sluchi-foto-01.jpg

Исповед на Џен Гланц...

„Зачестив толку многу со миење на косата што во последниот период ја миев косата двапати на ден. Кога ќе им кажев на пријателките не им се веруваше.

Сите ме прашуваа зошто, а мојот одговор беше дека го сакам чувството на чиста коса и дека мојот скалп се мрси и станува нечист за само неколку часа.

Но, потоа дојде карантинот и минував многу часови во мојот удобен кревет, каде не ме гледаше никој освен мојот свршеник, па така почнав да минувам по 2, 3 дена без да ја измијам косата.

Изненадувачки стотoјбата на мојата коса почна да станува подобра. Помалку се мрсеше и изгледаше поздрава.

prestanav-da-ja-mijam-kosata-2-sedmici-shto-se-sluchi-foto-02.jpg

Изгледа со пречестото миење сум ја сушела косата и од неа сум ги измивала потребните масти за потхранување на влакното. Тоа доведе и до проблеми со скалпот, како и слабеење и губење на косата.

Всушност, кога го втривате шампонот на вашата глава сите влакна кои биле подготвени за опаѓање паѓаат наеднаш, наместо по природен пат постепено.

Затоа одлучив да се обидам да ги променам моите навики. Плус, знам дека ја оштетував редовно фарбајќи ја.

Па, така одлучив две седмици да минам без да ја мијам косата. Ме интересираше што ќе се случи.

Како изгледаа тие 14 дена?

Првите неколку дена минаа лесно затоа што косата изгледаше во ред. Само се обидував да не ја допирам многу за да не ја мрсам побрзо.

prestanav-da-ja-mijam-kosata-2-sedmici-shto-se-sluchi-foto-04.jpg

Веќе на 4-от ден почнав да забележувам дека изгледа нечисто. Од топлото време плус од вежбањето, таа почна да свети. Стигнав до точка кога ја чешлав косата по 3 до 5 пати на ден, инаку нормално ја чешлам по еднаш. Сакав маснотијата од скалпот да ја проширам на сувите врвови.

Веќе на 7-от ден состојбата беше толку лоша што почнав константно да ја носам во опавче. Беше и сува и мрсна едновремено и постојано си го чешав скалпот. На виртуелните состаноци од работа ми беше срам од изгледот на мојата коса, ја носев собрана, но бев одлучна да издржам до крај.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...

Најчитани неделава