Дали е во ред да користите крем со заштитен фактор со поминат рок?

Во летните денови кремовите со заштитен фактор се задолжителни, а веројатно барем еднаш сте се запрашале дали се исто ефикасни откако ќе им помине рокот на траење.

dali-e-vo-red-da-koristite-krema-so-zastiten-faktor-so-pominat-rok-01.jpg

Неретко, пак, рокот на траење на овие кремови може да се избрише од пакувањето, па не ни знаете до кога е.

Заштитните кремови ја штитат кожата со активни супстанци кои ја апсорбираат или рефлектираат ултравиолетовата светлина. Овие супстанци можат да бидат цинк оксид, титаниум оксид и слично, а рокот на траење на кремот најмногу зависи од нив.

Повеќето заштитни кремови се добри за употреба и до три години откако ќе ги отворите, освен ако на пакувањето не стои друг рок.

Сепак, ако го чувате кремот на жешко или влажно место, може да ја намалите неговата ефикасност уште пред да помине рокот на траење.

Кремовите со поминат рок се помалку ефикасни во блокирањето на УВ зраците, со што се зголемува ризикот од изгореници. Сепак, погустите кремови, за разлика од геловите или спрејовите, можат да бидат колку-толку ефикасни и откако ќе им помине рокот.

Затоа, во случај да имате само крем со поминат рок, подобро нанесете од него отколку да не користите никаква заштита, но запомнете дека сепак не се со иста ефикасност.

dali-e-vo-red-da-koristite-krema-so-zastiten-faktor-so-pominat-rok-02.jpg

Како да одредите дали вашиот крем е веќе не е ефикасен:

- Како што напоменавме, најпрво обрнете внимание на рокот на траење. Ако е поминат, подобро купете нов.

- Ако поминале три години откако сте го отвориле кремот, или ако не се сеќавате кога сте го отвориле, подобро купете нов.

- Ако сте го чувале кремот на жешко место, повторно најдобро е да го замените со нов.

- Ако кремот ги променил бојата и/или мирисот, немојте да го користите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава