Кој е најпребаруван производ за нега на лице на Google во 2020-та?

Сигурни сме дека имате забележано дека во последниве неколку години, голем дел од производите за нега на лице содржат витамин Ц. Токму овој витамин е најпребаруван збор годинава кога станува збор за нега и убавина.

koj-e-najprebaruvan-proizvod-za-nega-na-lice-na-google-vo-2020-01.jpg

Оваа состојка е една од оние кои навистина даваат резултати на кожата. Најдобри ефекти се забележуваат кај личности кои се изморени и на чија кожа ѝ недостасува сјај.

Витаминот Ц содржи аксорбинска киселина која најдобро продира низ кожата.

Најдобро е да го користите преку серуми, иако и лосионите и маските со оваа состојка се добредојдени во дневната рутина.

Оптималната концентрација на витамин Ц е од 10 до 20%. Најдобро е да се нанесува наутро, за да ги неутрализира радикалите кои настануваат од надворешни фактори – УВ зраците и пушењето.

koj-e-najprebaruvan-proizvod-za-nega-na-lice-na-google-vo-2020-02.jpg

Витаминот Ц може да го користи секој – без оглед на годините, типот на кожата и проблемите кои ги имате, но доколку сепак имате проблематична кожа и се плашите, може да се консултирате со кожен лекар.

На долг рок, може да влијае на:

1. Отстранување на дамките од сонце и проблеми со хиперпигментација на кожата.

2. Намалување на брчките околу очите.

3. Изедначување на тенот.

4. Осветлување на тенот.

5. Кожата ја прави млада и чиста.

6. Ја враќа свежината на лицето.

7. Ја хидрира кожата.

Дерматолозите тврдат дека витаминот Ц најдобар резултат дава во комбинација со ретинол, т.е. дека се „совршен пар“ – витаминот Ц да се користи наутро, а ретинолот навечер.

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава