Женски „маани“ кои е крајно време да ги прифатиме како нормални и да се засакаме

Во време кога пластичните операции се секојдневие, девојките се ставаат под нож уште во тинејџерските години и кога буквално половина од девојките се копии една на друга, сметаме дека е вистинско време отворено да зборуваме за женските „маани.“

zenski-maani-koi-e-krajno-vreme-da-gi-normalizirame-001.jpg

На своја одговорност, во ред е да сакате да направите козметички процедури ако добро сте размислиле и сте се одлучиле од правилни причини.

Но, во секој друг случај кога не се сакате - не, не сте само вие со нечиста кожа, тенки усни и стрии на задникот.

Не сте сами и токму затоа треба сите заедно да ги нормализираме следниве несовршености:

Темни кругови околу очите и нечиста кожа со ситни акни – Може да бидат последица од гени, преку слаба циркулација на крвта и анемија, па до разни алергии.

zenski-maani-koi-e-krajno-vreme-da-gi-normalizirame-01.jpg

Тежина и стрии на критичните места – Додека се храните и живеете здраво, бројката на вагата не треба да ве загрижува. Исто така и стриите кои ја раскажуваат приказната на вашето тело.

zenski-maani-koi-e-krajno-vreme-da-gi-normalizirame-02.jpg

Коса - Црна или црвена, светла или темна, права или виткана, косата е дел од вашиот идентитет, престанете да посакувате постојано нешто што го немате. Сакајте се.

zenski-maani-koi-e-krajno-vreme-da-gi-normalizirame-03.jpg

Влакненца на несакани места – Секој човек, без разлика на полот, има влакненца. Па, зошто жените би требало да го премолчуваат истото? Во ред е да се грижите за изгледот и да водите сметка за редовно депилирање, но ако некогаш имате некое влакненце вишок на некое место - ништо страшно.

zenski-maani-koi-e-krajno-vreme-da-gi-normalizirame-04.jpg

Обликот на прстите – Со оглед на тоа што го немаме „луксузот“ да одбереме како ќе изгледаат, зошто воопшто би се оптоваувале со нивниот изглед? Не може да го промениме, подобро да го прифатиме.

zenski-maani-koi-e-krajno-vreme-da-gi-normalizirame-05.jpg

Влакненца на лицето – Ништо од што треба да се срамите ако некогаш на некои места имате некое пропуштено влакненце или имате малку повеќе влакненца од другите.

zenski-maani-koi-e-krajno-vreme-da-gi-normalizirame-06.jpg

Асиметрични делови од телото – Асиметријата е дел од природата. Ништо не е подеднакво исто.

zenski-maani-koi-e-krajno-vreme-da-gi-normalizirame-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg