Филери vs. природен изглед: Познати дами кои се врснички, a стареат на различен начин

Никол Кидман (53) е позната како фанатик за пластични операции, па и покрај критките таа не сопира, а од друга страна нејзината врсничка Џулија Робертс е неверојатна природна убавица која старее достоинствено.

fileri-vs-priroden-izgled-poznati-dami-koi-se-vrsnichki-stareat-na-razlichen-nachin-01.jpg

Некои познати ѕвезди избираат да стареат природно и достоинствено, додека други пробуваат на секој можен начин да го сопрат времето со помош на пластични операции и филери, бидејќи едноставно тоа ги прави среќни, па не може да им судиме доколку е во граница на нормала.

Споредби на познати дами кои се на иста возраст, навлечени на филери и операции vs. природни дами:

Меган Фокс и Емилија Кларк – 34 години

Пред неколку години Меган Фокс го започна својот пат на трансформации и постојано става инјекции за одржување на младешкиот изглед на лицето.

fileri-vs-priroden-izgled-poznati-dami-koi-se-vrsnichki-stareat-na-razlichen-nachin-02.jpg

Кристина Агилера и Бритни Спирс – 39 години

И покрај семејните трагедии за кои многумина велат дека ѝ се отсликуваат на ликот, Бритни сака да старее достоинствено, додека Агилера е опседната со изглед на восочна кукла.

fileri-vs-priroden-izgled-poznati-dami-koi-se-vrsnichki-stareat-na-razlichen-nachin-03.jpg

Никол Кидман и Џулија Робертс – 53 години

Никол Кидман е позната како фанатик за пластични операции и и покрај критките таа не сопира.

fileri-vs-priroden-izgled-poznati-dami-koi-se-vrsnichki-stareat-na-razlichen-nachin-04.jpg

Кортни Кокс и Моника Белучи – 56 години

Кортни Кокс претера со филерите и нејзиното лице изгледа вештачки.

fileri-vs-priroden-izgled-poznati-dami-koi-se-vrsnichki-stareat-na-razlichen-nachin-05.jpg

Крис Џенер и Вупи Голдберг – 65 години

Крис Џенер изгледа помладо од годините поради многуте операции и филери, но сепак во таа доба од животот брчките носат своја убавина и говорат за нас.

fileri-vs-priroden-izgled-poznati-dami-koi-se-vrsnichki-stareat-na-razlichen-nachin-06.jpg

Доли Партон и Дајан Китон – 74 години

Неверојатно е што овие дами имаат 74 години. Тие изгледаат прекрасно, но дефинитивно се восхитуваме на изборот за стареење на природен начин како Дајан.

fileri-vs-priroden-izgled-poznati-dami-koi-se-vrsnichki-stareat-na-razlichen-nachin-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 славни дами кои гордо ја носат седата коса и на црвениот тепих Од Шарлиз Терон до Салма Хајек, кои славни дами без проблем знаат да се појават ...
Голем нос, краток врат: Со какви трикови славните дами си ги кријат маните? (фото) Како Парис Хилтон визуелно ги крие големите стапала? Како Оливија Вајлд ги издол...
Црвен тепих vs. секојдневие: Славни дами кои изгледаат сосема поинаку без тимот стилисти Од Кортни Кокс до Рене Зелвегер, како изгледаат славните дами во секојдневието н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg