За помазна и помлада кожа – Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

za-pomazna-i-pomlada-kozha-eucerin-hyaluron-filler-nokjen-piling-i-serum-1-01.jpg

„Со возраста се успорува процесот на обновување на кожата. Тоа води до по-неефикасно ослободување од мртвите клетки, а кожата станува погруба и со нездрав сјај. Освен тоа, зрелата кожа ја губи својата еластичност и способноста да произведува доволно хијалуронска киселина, којашто е нејзиниот природен пополнувач на брчките. Потрошувачите сакаат производ којшто го помага регенеративниот процес во кожата и истовремено ја подобрува состојбата на брчките. За таа цел е созададен иновативниот Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум, којшто истовремено прави од една страна траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките.“ изјави Д–р Соња Доневска Петрушевска, Дерматолог, медицински претставник за Еуцерин во Македонија.

Станува збор за  подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа, преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси (овошни) киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.

Со новиот двокоморен систем за истовремено нанесување од два контејнера, Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум овозможува соединувањето на двете високоефикасни формули да биде непосредно пред употреба. Белиот контејнер содржи нежна емулзија од новиот комплекс на алфа-хидрокси киселини (AHA), составен од активни пилинг состојки како гликолна киселина, млечна киселина и глуконолактон (познат по своето постепено и многу лесно навлегување во кожата). Другата активна состојка е глицин-сапонин, познат по тоа дека го стимулира природното создавање на хијалуронска  киселина во кожата.

Контејнерот со сребрена боја содржи освежувачки гел-серум со два вида хијалуронска киселина, коишто делуваат на различни нивоа – хијалуронската киселина со високомолекуларна тежина делува на фините линии во површинските епидермални слоеви, а таа со мала молекуларна тежина (40 пати помала молекула) навлегува подлабоко во кожата, каде што се формираат брчките.

Клиничките студии ширум светот ја докажаа двојната ефикасност на производот

  • нежна ексфолијација на кожата;
  • видно намалување на длабочината на брчките и фините линии;
  • ефикасно подобрување на регенеративните процеси на кожата;
  • добро хидрирана кожа;
  • стеснување на порите.

Проучувањата исто така докажуваат дека Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум добро го поднесуваат сите типови на кожа.

Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум може да се користи секојдневно. Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем. Бидејќи формулата со алфа-хидрокси киселини (AHA) ја прави кожата почувствителна кон сончевата светлина, неопходно е преку ден да се нанесува дополнителна заштита од сонце, како на пример Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF30.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава