Ламинација на веѓи, пополнети усни и уште 3 трендови за убавина кои царуваат во женскиот свет

Веќе неколку години наназад јапонското исцртување на веѓите е особено популарно кај жените. Особено кај сите оние кои ги истенчија веѓите во текот на ’90-тите години, а подоцна се покајаа поради постапката.

Bjuti-trendovi-koi-caruvaat-vo-zenskiot-svet-01.jpg

Неколку трендови за убавина се посебно популарни кај девојките во изминатиов период. Додека едни се борат со природното стареење, но уживаат во секој момент од истото, други не можат да поднесат да гледаат нови брчки, несовршени веѓи или ненагласени трепки на себе. 

Секогаш го цениме природниот изглед кај жените, но сепак секој има право да одлучи што ќе прави со своето лице - дали ќе се негува на природен начин или сепак ќе „потпадне“ на трендовите кои ги наметнува општеството. 

Ниту едните, ниту другите не грешат, а иако им се восхитуваме на оние кои се одлучуваат природно да стареат и да блескаат со природниот изглед, сепак и оние кои се одлучуваат на козметички процедури, сè додека одлуката е донесена одвнатре, заради своја лична желба, а не заради тоа „што ќе кажат другите“ - имаат зелено светло.

Кои се најпопуларните трендови за убавина?

Микроблејдинг (јапонско исцртување) на веѓи

Уште познато како „јапонско исцртување“ на веѓите, оваа техника на исцртување дава потполно природен изглед, бидејќи не се пополнува целата форма, туку, со посебна техника, се цртаат тенки и закривени влакненца во правец на нивниот природен раст.

Bjuti-trendovi-koi-caruvaat-vo-zenskiot-svet (8).jpg

Ламинација на веѓи

Lamination brow или ламинација на веѓите e хемиски третман со кој се подигаат природните влакна и се добиваат густи и оформени веѓи, без разлика на формата или дебелината на природните. Третманот вклучува и фарбање на веѓите.

Bjuti-trendovi-koi-caruvaat-vo-zenskiot-svet (7).jpg

Свилени трепки

Метод на надградување на трепки кои се лепат влакно по влакно на природните влакна од трепките. Изгледаат природно и „слеано“ со окото, а може да заборавите на маскарата, бидејќи нема повеќе да ви биде потребна.

Bjuti-trendovi-koi-caruvaat-vo-zenskiot-svet (10).jpg

Пополнување усни со хијалуронска киселина (филери)

Т.н. филери се користат за инјектирање на хијалуронска киселина во кожата. Освен што ги решава проблемите со брчки, ова е идеално решение за брзо пополнување на усните. Третманот со хијалуронска киселина е нехируршки, а ефектот трае од неколку месеци до максимум 1 година.

Bjuti-trendovi-koi-caruvaat-vo-zenskiot-svet (3).jpg

Дермаплејнинг – третман за лице

Dermaplaning е козметичка процедура со која се отстрануваат горните слоеви на кожата со помош на остро сечило. Постапката има за цел да ги отстрани брчките и длабоките лузни од акните, како и да ја направи површината на кожата мазна.

Bjuti-trendovi-koi-caruvaat-vo-zenskiot-svet (1).jpg

Напомена: Сите процедури се прават од страна на стручно лице, со претходна консултација.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава