Девојка која руши стереотипи открива: „Инстаграм е лага - инфлуенсерките ги уредуваат и видеата за да изгледаат послабо и совршено“

Инфлуенсерка од Дубаи која се бори против нереалните стандарди за убавина наметнати од социјалните мрежи и руши стереотипи за совршен изглед, открива како другите инфлуенсерки ги уредуваат нивните видеа за да изгледаат послабо и „совршено“.

zhena-otkriva-kako-influenserkite-gi-ureduvaat-nivnite-videa-so-aplikacija-za-da-izgledaat-poslabo-video-01.jpg

Данае Мерсер е инфлуенсерка која живее во Дубаи и има над 2 милиони следбеници на Инстаграм. Таа е една од ретките која не се срами да го покаже нејзиното вистинско тело и редовно споделува фотографии и видеа на кои ѝ се гледаат стриите, целулитот и сите нешта што се нормални, но повеќето ги гледаат како недостатоци.

Данае е свесна дека огромен број млади девојки, но и повозрасни жени постојано се споредуваат со она што го гледаат онлајн, па сега решила да им докаже на следбениците дека повеќето од она што го гледаме е лага.

Знаеме дека алатките за уредување фотографии не се ништо ново, но Данае нагласува дека постојат апликации и за уредување видеа.

Инфлуенсерката сподели видео на кое користи ваква апликација и покажува колку е всушност лесен целиот процес. Во видеото, за само неколку секунди, таа си ја смалува половината, си ги издолжува нозете и ги прави нејзините гради поголеми.

„Оваа апликација може да ги промени изгледот на вашето тело во видео и изгледа премногу реалистично. Можам да си ја направам половината помала. Нозете подолги. Можам да си го променам целото лице, да ја измазнам кожата, да си го намалам носот и да додадам филтер. Можам да си направам фигура како песочен часовник. И сето ова можам да го направам во видео.

Па, следниот пат кога сте на Интернет и се чувствувате лошо поради она што не сте, запомнете што сте:
Вие сте неверојатни. Вие сте човечко суштество. Имате недостатоци, вие сте моќни, силни.

А, Интернетот, со сите уредени фотографии и видеа со помош на апликации, не е огледало или алатка за споредување.
Па, не се споредувајте со лагите на другите. Одлични сте“, пишува во нејзината објава.

Од коментарите на објавата се гледа дека огромен број корисници воопшто не биле свесни дека постојат апликации за уредување видеа:

„Што?! Шокирана сум!“

„Ова е застрашувачко“.

„Како мајка на една ќерка, ова многу ме заплашува“.

„Не ми се верува. Мислев дека видеата беа доказ дека некој изгледа одлично“.

Ова не е прва објава на Данае со која покажува како инфлуенсерките наметнуваат нереални стандарди за убавина. Претходно таа има споделувано видеа на кои покажува трикови за позирање со кои нивните тела изгледаат совршено на фотографиите, како и многу фото-споредби.

Прочитајте и „Имам стрии, целулит, кратки нозе, сѐ е до позирањето“ - девојка од Дубаи комплетно искрена

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Долга коса, светки на кожа – 10 трендови за убавина од Мет гала 2026 кои ќе доминираат насекаде Екстремно долгите коси се враќаат во мода, но и лабаво фатените опавчиња наместо...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...

Најчитани неделава