10 грешки при фарбањето заради кои косата не ви излегува како од салон

Бирате боја од фотографијата на кутијата, а не од каталог, се обидувате сами да мешате бои, или пак не почнувате да ја фарбате косата од коренот. Кои се најчестите грешки што може да ги направите кога се фарбате сами?

na-shto-treba-da-vnimavate-koga-se-farbate-doma-poradi-ovie-greshki-kosata-ne-vi-izleguva-kako-od-salon-01.jpg

Да не се лажеме, има работи што колку и да сакаме да ги направиме сами - не можеме, па затоа е најдобро да посетиме професионалци.

На пример, секоја екстремна промена, како фарбање на косата во нијанса што е пет нијанси различна од таа што ја имаме во моментот треба да се остави на професионалци, но, кога станува збор за обичното „освежување“ на бојата, тоа може да го направиме и во домот.

Во продолжение погледнете кои се најчестите грешки заради кои и овој навидум лесен процес се претвора во вистинска катастрофа.

Не ја избирате вистинската нијанса за вашата коса

За да ја најдете најдобрата нијанса, споредете ја нијансата на вашата коса со приложените примероци. Вообичаено постојат каталози за секоја боја и нијанса поединечно.

Земете еден прамен од вашата коса и ја најдете нијансата што е најблиску до идентична, или може да изберете некоја од двете нијанси што се најблиску до вашата боја.

Исто така, немојте да се залажувате со бојата на косата на моделот на кутијата, затоа што може да се случи вашата коса воопшто да не излезе како таа на сликата.

Затоа, доколку не ви е достапен каталог, доближете еден прамен од вашата коса до приложените нијанси на задниот дел од кутијата за да имате во предвид како која ви е почетната боја и како ќе бледее.

Најдобро е да не експериментирате и да изберете боја што е најблиску до моменталната боја што ја имате.

na-shto-treba-da-vnimavate-koga-se-farbate-doma-poradi-ovie-greshki-kosata-ne-vi-izleguva-kako-od-salon-02.jpg

Купете две кутии боја за коса

Во никој случај не сакате да трчате до продавница за да докупите боја со полуфарбана коса.

Доколку вашата коса е до рамена или подолга, може да се случи да ви бидат потребни две кутии боја за целосно да ја исфарбате косата, во зависност од тоа колку ви е густа косата.

Доколку ви остане половина фарба, можете да ја искористите следниот пат.

na-shto-treba-da-vnimavate-koga-se-farbate-doma-poradi-ovie-greshki-kosata-ne-vi-izleguva-kako-od-salon-03.jpg

Немојте да мешате две бои за да добиете нова нијанса

Ако не сте професионалец, ова е рецепт за катастрофа. Не можете да предвидите каква нијанса ќе добиете.

Всушност, како што најверојатно веќе знаете, во многу случаи крајниот резултат може да се разликува од она што сте го виделе на кутијата.

Затоа најдобро е да се држите само до една нијанса и да не експериментирате.

na-shto-treba-da-vnimavate-koga-se-farbate-doma-poradi-ovie-greshki-kosata-ne-vi-izleguva-kako-od-salon-05.jpg

Направете тест

Во никој случај немојте да го прескокнувате овој чекор, особено доколку прв пат сами ја фарбате косата или ако пробувате нова нијанса.

Можете да поткратите неколку влакна и да ги обоите или да обоите неколку скриени прамени – само така ќе се осигурате дека вашата коса нема да излезе портокалова или виолетова. (Освен ако тоа не ви е целта.)

na-shto-treba-da-vnimavate-koga-se-farbate-doma-poradi-ovie-greshki-kosata-ne-vi-izleguva-kako-od-salon-07.jpg

Подгответе се за фарбање на косата

Да, мошне е важно претходно да се подготвите за фарбање на косата, а тоа во суштина би значело:

  • 1. Облечете облека што е лесна за соблекување (за да избегнете несакани дамки на облеката);
  • 2. За да ја заштитите кожата околу косата и да немате дамки на лицето можете да искористите крем или уште подобро балзам за усни;
  • 3. Намачкајте го челото, пределот околу ушите и ушите и така ќе се осигурате дека нема да завршите со дамки по целото лице;
  • 4. Соберете ги сите работи што ќе ви бидат потребни, четка за фарбање, сад за фарба, чешел, рачно огледало и ставете ги да ви бидат на дофат.
  • 5. Никако не заборавајте да ставите ракавици. Прво затоа што мора да ја заштитите кожата на рацете од хемикалии, а второ затоа што не сакате да завршите со исфарбани раце (особено доколку користите темна или црвена нијанса).

na-shto-treba-da-vnimavate-koga-se-farbate-doma-poradi-ovie-greshki-kosata-ne-vi-izleguva-kako-od-salon-09.jpg

Уште пет грешки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава