8 совети што ќе ви го олеснат шминкањето и ќе ви помогнат да ја истакнете вашата природна убавина


8 совети што ќе ви го олеснат шминкањето и ќе ви помогнат да ја истакнете вашата природна убавина

Речиси секоја девојка и жена сака да користи шминка и нема ништо лошо во тоа. Шминката ни помага да ги прикриеме недостатоците на нашето лице, а да го истакнеме она што ни се допаѓа најмногу.

8-soveti-shto-kje-vi-go-olesnat-shminkanjeto-i-kje-vi-pomognat-da-ja-istaknete-vashata-prirodna-ubavina-01.jpg

Но, скоро сите правиме некои грешки во шминкањето кои не само што го расипуваат нашиот изглед, туку ни го прават целиот процес многу покомплициран.

Затоа, погледнете неколку совети што ќе ви го олеснат шминкањето и ќе ви помогнат да ја истакнете вашата природна убавина:

Хидратацијата на кожата е најважна

Без разлика дали сакате природен изглед или „понападна“ шминка, првото нешто на коешто треба да обрнете внимание е негата на вашето лице. Најдете хидратантен крем погоден за вашиот тип кожа и не заборавајте да пиете многу вода.

8-soveti-shto-kje-vi-go-olesnat-shminkanjeto-i-kje-vi-pomognat-da-ja-istaknete-vashata-prirodna-ubavina-02.jpg

Нанесување коректор за подочници

Темните подочници се проблем со кој се соочуваат многу жени, но лесно ќе ги прекриете со правилно нанесување на коректорот. Ако имате многу темни подочници, прво нанесете коректор со розова нијанса, бидејќи подобро ќе ги прекрие. Нанесувајте го коректорот со сунѓерче за шминкање или нежно тапкање со прстите. Потоа само нанесете пудра со иста нијанса како вашето лице.

8-soveti-shto-kje-vi-go-olesnat-shminkanjeto-i-kje-vi-pomognat-da-ja-istaknete-vashata-prirodna-ubavina-04.jpg

Внимателно одберете нијанса на пудра

Пудрата не треба да ја промени бојата на кожата на лицето, туку да се совпаѓа со неа. Бидејќи дланките и лицето обично имаат различна нијанса, најдобро е да ја пробате пудрата директно на лицето пред да ја купите.

8-soveti-shto-kje-vi-go-olesnat-shminkanjeto-i-kje-vi-pomognat-da-ja-istaknete-vashata-prirodna-ubavina-03.jpg

Немојте сами да ја менувате формата на веѓите

Ако сакате да ја промените формата на веѓите, најдобро препуштете им го тоа на професионалците, бидејќи доволно е да направите една мала грешка за да го уништите изгледот на вашите веѓи. Откако ќе ви ги оформат веѓите, потоа можете и сами да ги отстранувате подраснатите влакненца со пинцета.

Кога станува збор за бојата на веѓите, најдобро ќе изгледаат нијансите слични на бојата на вашата коса.

8-soveti-shto-kje-vi-go-olesnat-shminkanjeto-i-kje-vi-pomognat-da-ja-istaknete-vashata-prirodna-ubavina-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да одберете соодветен накит според обликот на лицето? Според шминкерите, фризерите и фотографите, овалното лице е идеална форма, бидеј...
9 тајни кои жените со беспрекорна кожа никогаш нема да ви ги кажат Младата и негувана кожа не е дар на природата. Таа се стекнува со соодветни рути...
Паметни трикови за разубавување со кои ќе изгледате прекрасно секој ден Секоја девојка сака да изгледа совршено без оглед дали се работи за некоја свече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg