3 природни маски за коса – го решаваат проблемот со мрсната коса и го поттикнуваат нејзиниот раст

Доколку имате мрсна коса, тогаш знаете дека нејзиното одржување може да биде мошне напорно. Овие рецепти за маски за коса може да ви помогнат трајно да го решите проблемот.

maski-za-mrsna-kosa-shto-brzo-i-lesno-se-podgotvuvaat-so-prirodni-sostojki-do-pozdrava-i-pobujna-kosa-01.jpg

Здравата коса произведува одредено количество масло што го хидрира скалпот и ја штити вашата коса, а коешто се нарекува себум.

Ова природно масло може да се насобере во вашата коса, особено во коренот, поради што фризурата може да изгледа мрсно, а некои луѓе сметаат дека измрсената коса изгледа нечисто и неуредно.

Количеството себум што се произведува зависи од вашиот тип коса, хигиенските навики, но и животниот стил.

Исто така, мрсната коса може да се јави како резултат на нездрава исхрана, одредени лекови, стрес, хормонски дисбаланс, но и поради лошите временски услови.

Жените што се соочуваат со ваков проблем, многу често, за да избегнат да изгледаат неуредно, одлучуваат да ја мијат косата секојдневно, но тоа не е трајно решение.

Постојат неколку природни маски за коса што би можеле да ви помогнат за да го контролирате производството на себум и со тоа трајно да го решите проблемот со мрсната коса, а вие можете да изберете која од нив ви се допаѓа најмногу.

Секако, не треба и да претерувате со нивна употреба, за да не го постигнете спротивниот ефект, кој исто така не е пожелен.

Маска од зелен чај

Зелениот чај е полн со природни антиоксиданти што ќе ви помогнат во чистењето на скалпот и ќе го намалат претераното лачење на себум.

Покрај тоа, оваа маска ќе ви помогне во зајакнувањето на косата, ќе го забрза нејзиниот раст и ќе го спречи oпаѓањето на косата.

За подготовка на оваа маска ви се потребни следните состојки: половина филџанче листови од зелен чај, филџан вода и 10 капки етерично масло од лимон (ова масло исто така е мошне богато со природни антиоксиданти, а го има во аптеките).

Сите состојки се ставаат во мало тенџерче и се ставаат да се варат на средна температура, а откако ќе зовријат, се оставаат да се варат уште 5 минути.

Течноста се процедува и се остава да се олади. По ова, изладената течност се втрива во скалпот и се остава да дејствува 40-тина минути.

Maski-za-mrsna-kosa-shto-brzo-i-lesno-se-podgotvuvaat-so-prirodni-sostojki-do-pozdrava-i-pobujna-kosa-02.jpg

Маска за мрсна коса од белка од јајце и лимон

Лимонот содржи цитронска киселина што го спречува мрсењето на косата и го одржува балансот на pH-вредноста на самата кожа на главата, а протеините од белката на јајцето ги зајакнуваат влакната.

Освен што ви помага да се ослободите од мрсењетo на косата и од заостанатите масти на скалпот, оваа маска е добра и за отстранување на мртвите клетки, па на тој начин го спречува и првутот.

Оваа маска е најдобро да се нанесе пред туширање, затоа што може да истече по вратот и по телото.

За да ја подготвите, потребни ви се следните состојки: сок од ½ лимон и една белка од јајце.

Состојките се мешаат во сад и добиената мешавина треба да ја нанесете на кожата на главата и да ја оставите да дејствува 10-тина минути, а потоа косата се мие со шампон.

Доколку имате време добро би било претходно белката да ја изматите додека да добие кремаста текстура за полесно нанесување.

Maski-za-mrsna-kosa-shto-brzo-i-lesno-se-podgotvuvaat-so-prirodni-sostojki-do-pozdrava-i-pobujna-kosa-03.jpg

Маска од мед и јаболков оцет

Оцетот помага за чистење на мастите на кожата на главата и го спречува нивното наталожување.

Дополнително ќе помогне за одржување на нормална pH-вредност на кожата на главата, а медот ја хидрира косата и ќе направи да изгледа помеко и уредно.

За да ја подготвите оваа маска ќе ви биде потребно: една лажица јаболков оцет, со една лажица мед и две лажици вода.

Сите состојки се мешаат во еден подлабок сад, а оваа маска се нанесува на скалпот на косата и се остава да отстои 10-тина минути.

По ова косата се мие со благ шампон и млака вода.

Maski-za-mrsna-kosa-shto-brzo-i-lesno-se-podgotvuvaat-so-prirodni-sostojki-do-pozdrava-i-pobujna-kosa-04.jpg

Бонус совети за да го спречите претераното мрсење на косата:

1. Користете благи шампони, наменети само за мрсна коса;

2. Регенераторот се нанесува само на краевите, не и на коренот;

3. Мошне е важно четките и чешлите за коса да ги одржувате чисти и уредни;

4. Косата е потребно да ја миете со млака или ладна вода, но не со жешка;

5. Обидете се да не ја допирате косата постојано со рацете;

6. Секогаш кога имате можност оставете ја косата да се исуши по природен пат и избегнувајте го фенот.

Б. С. Б. | Црнобело

Фото: freepik.com/pexels.com

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg