Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајка го покажа стомакот 3 месеци по четвртата бременост: „Ме нарекуваат мрза, грозна и дебела“

Сара Никол Ландри од Онтарио, Канада стана мајка по четврти пат. Таа се породи со своето четврто бебе пред само три месеци, а вели дека ова „била најтешката бременост досега“. Таа на нејзиниот Инстаграм профил објави фотки како од породувањето, така и од стомакот по бременоста.

Kako-izgleda-stomakot-na-majkata-3-meseci-po-cetvrtata-bremenost-Me-narekuvaat-mrza-grozna-i-debela-01.jpg

До возраст од 25 години, консултантката за социјални медиуми родила 3 деца, а до 2013-тата година била со тежина до речиси 102kg. Но, откако ослабела цели 50kg тврди дека почнала да чувствува уште поголема несигурност за изгледот на нејзиното тело и поради тоа си дала збор дека ќе го прифати сопственото тело какво што е и ќе споделува „реални фотографии“ на интернет.

Kako-izgleda-stomakot-na-majkata-3-meseci-po-cetvrtata-bremenost-Me-narekuvaat-mrza-grozna-i-debela-02.jpg

Сега во средните 30-ти години, таа објавува фотографии на Инстаграм со кои што сака да прошири порака за прифаќање на телата такви какви што се.

Неодамна таа објави фотографија на која е во бикини и на која се гледаат последиците од четирите бремености, особено во пределот на нејзиниот стомак.

Објавувањето на фотографијата беше проследено со низа навреди од следбеници на социјалните мрежи кои ги напаѓаат „целулитот и стриите“ на нејзиниот стомак.

Потоа таа објави фотографии на кои сподели некои од негативните коментари што ги добива. Може да се забележи дека некои ја нарекуваат: „грозна“ и „дебела“. 

Kako-izgleda-stomakot-na-majkata-3-meseci-po-cetvrtata-bremenost-Me-narekuvaat-mrza-grozna-i-debela-03.jpg

Но, има и такви на кои што оваа фотографија им помогнала да не се чувствуваат осамено и им ја зголемила самодовербата.

Kako-izgleda-stomakot-na-majkata-3-meseci-po-cetvrtata-bremenost-Me-narekuvaat-mrza-grozna-i-debela-04.jpg

„Цела недела морав да се справувам со коментарите за себеси во ова бикини. Ми беше речено да си го спакувам стомакот. Ме нарекуваат грозна. Мрзлива. Дека немам самопочит. Зошто да ја споделам тогаш? Затоа. Мора да покажеме дека ова е сосема нормална промена на телото по раѓањето деца или и без деца.

Промените не може да се кријат сè додека не станете доволно прифатливи, па потоа да се појавите. Реакцијата не може да биде „те молам отстрани дел од себеси пред да се вратиш“. Тоа не може да биде така.

Ова е само 3 месеци по мојата најтешка бременост досега. Кога тие ме нарекуваат мрзлива, јас се гледам себеси како го штитам моето бебе со одмор.

Кога ми велат да го спакувам стомакот, ги слушам како ми велат да отстранам дел од себеси, а воопшто не ме познаваат. Драгоцени делови од мене, што се прошириле за да не чуваат безбедни.

Кога тие велат дека немам самопочит, гледам дека тие немаат почит за мене.

Кога тие велат дека сум „грозна“ знам дека ги пропуштиле најдобрите делови од мене“ , напиша таа, меѓу другото, до фотографиите.

Сара вели дека најлесно од сè е да го покриеме телото или да исчезнеме во целост, но таа како мајка на четири деца е решена да го промени начинот на кој што луѓето размислуваат за женското тело.

Повеќе фотографии од Сара во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Боб фризурата е хит кај ѕвездите – ја носат и нашите славни дами (фото) Сара Мејс, Селена Гомез – боб фризурата со должина до рамената е хит кај славнит...
Мери Бајрамовска за стилот и убавината: „Сама си правам маски за лице, јадам сè умерено - не се отка... „Сметам дека тајната на убавината не е во скапите козметички препарати, туку во ...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Мартина Михајловска за стилот и убавината: „Не правам козметички третмани на лице, никогаш не сум об... „Јас сум голем гурман и во последно време знам на најблиски да им зготвам некој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg