Колку често треба да ја миете вашата коса? – Фризери споделуваат корисни совети

„Колку често треба да ја мијам косата?“ - едно од најчестите прашања секојдневно поставувани кон фризерите ширум светот.

Kolku-chesto-treba-da-ja-miete-vashata-kosa-eksperti-frizeri-spodeluvaat-korisni-soveti 01 630x330.jpg

„Миењето на косата не е едноставен процес“ - вели Ерин Кортни , фризер и експерт за природна коса во Лос Анџелес.

„Нашата коса не изгледа идентично, нема идентична структура и има потреба од посебна грижа. Затоа, од особена важност е пронаоѓањето на она што најдобро одговара за вас, во смисла на правилен шампон и фреквенција на миење“.

„Миењето на косата е важно за растот на косата“, вели Кортни.

Шенон Кинг, американски фризер додава дека немиењето на косата може да доведе до проблеми со сувост, заплеткување и на крајот, опаѓање на косата.

Во крајна линија: Сè додека вашата коса и скалпот се здрави, таа непрекинато ќе расте.

Но, дали треба да ја миете косата секојдневно, навистина зависи од вашиот специфичен тип на коса и шампонот што го користите.

Kolku-chesto-treba-da-ja-miete-vashata-kosa-eksperti-frizeri-spodeluvaat-korisni-soveti 02 630x331.jpg

„Миењето на косата секој ден може да предизвика сувост и кршење, но генерално нема да предизвика прекумерно опаѓање на косата“ - споделува Ангела Стaјлс, фризерка од Западен Холивуд, Калифорнија.

„Додека некои типови коса треба да избегнуваат дневно миење од тие причини, оние кои се подлежни на често мрсење на косата можат да имаат корист од секојдневното миење, поради количината на произведеното масло“ - објаснува Кортни.

„Да се ​​најде вистинска рамнотежа навистина не е едноставно. Општо земено, доколку вашата коса не е мрсна или сува, најдобро би било миењето да го насочите на секои два до три дена" - препорачува Кинг.

Во продолжение за вас ги издвоивме упатствата на најистакнатите, светски професионалци за најдобра рутина според типот на вашата коса:

Одговорите се базирани врз најпоставуваните прашања во врска со негувањето на косата, одбрани од страна на Дори Прајс, уредник и експерт во областа за убавина и стил на веб порталот Good Housekeeping.

Мрсна коса:

„Пожелно е вашата коса да да ја миете секој ден, со цел да спречите масниот скалп да го оштетува влакното, освен ако немате многу долга коса или истата е многу груба и виткана“ - вели Кинг.

Kolku-chesto-treba-da-ja-miete-vashata-kosa-eksperti-frizeri-spodeluvaat-korisni-soveti 03 630x368.jpg

Сува или оштетена коса:

Доколку станува збор за оштетување и сувост, Кинг обично препорачува шампoн на секои пет до седум дена, бидејќи веројатно ќе треба да дозволите некои природни масла на косата да се измешаат.

Кортни додава дека ако косата е сува и оштетена, тоа може да биде резултат на пречесто шампонирање.

Бидете сигурни дека не претерувате со шампонот, бидејќи може да ги отстрани влакната од хранливите материи потребни за вашата коса да биде здрава и негувана.

Kolku-chesto-treba-da-ja-miete-vashata-kosa-eksperti-frizeri-spodeluvaat-korisni-soveti 04 630x709.jpg

Брановидна или виткана коса:

„Шампон на секои четири до пет дена“ - предлага Кинг.

Сепак, тоа зависи од густината, но ова е добра проценка за овој тип на коса. Ако ви се чини дека тоа е предолг временски период, скратете го за ден или два и видете како ќе реагираат вашата коса и скалпот.

Kolku-chesto-treba-da-ja-miete-vashata-kosa-eksperti-frizeri-spodeluvaat-korisni-soveti 05 630x386.jpg

Кадрава коса:

И Кортни и Кинг предлагаат миење еднаш неделно за оптимален раст на косата.

Не заборавајте да додадете регенератор“ - додава Кинг. Многу е важно кадравата коса да има правилна текстура.

Kolku-chesto-treba-da-ja-miete-vashata-kosa-eksperti-frizeri-spodeluvaat-korisni-soveti 06 630x354.jpg

Коса со тенко влакно:

„Овој тип на коса треба да се мие со шампон навистина често, односно секој втор ден за да ѝ се обезбеди влагата што е потребна за да процвета и расте“ - вели Кортни.

„Не претерувајте со нанесувањето на регенератор“ – вели Кинг.

Kolku-chesto-treba-da-ja-miete-vashata-kosa-eksperti-frizeri-spodeluvaat-korisni-soveti 08 630x473.jpg

Густа коса:

„Подебелите текстури имаат тенденција да ја задржат влагата, затоа миењето еднаш неделно е доволно“ - советува Кортни.

Kolku-chesto-treba-da-ja-miete-vashata-kosa-eksperti-frizeri-spodeluvaat-korisni-soveti 09 630x511.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg