Две природни решенија за мрсна коса – решете го проблемот засекогаш

Дали сте од оние жени кои ги излудува мрсниот скалп? Имате десетици козметички производи за нега и убавина на косата, но залудно – таа никогаш не изгледа онака како што сакате. Можеби ја миете пречесто, а можеби ја оставате и неколку денови според сугестиите на другите околу вас.

Dve-prirodni-reshenija-za-mrsna-kosa-01.jpg

Резултатот е секогаш ист – косата е мрсна и без волумен. Како да се решите од овој проблем?

Пробајте ги овие две природни решенија против мрсна коса:

1. По вообичаеното миење на косата, нанесете сок од два свежи исцедени лимони. Нежно масирајте го скалпот со сокот, а потоа исплакнете со вода. Лимонот ќе ѝ даде сјај на вашата коса, а благодарение на неговото дејство тој може да помогне во регулирањето на лачење на себумот.

2. За да го решите проблемот со мрсната коса, нането е исто така многу корисно: изгмечете две свежи ливчиња од нане и сварете ги во вода. Кога течноста ќе се олади, додадете две лажици јаболков оцет и нанесете ја смесата на вашата коса, откако сте ја измиле претходно со шампон. Добро измасирајте го скалпот и потоа темелно исплакнете.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава