Необично признание на фризерка: „Ја мијам косата на секои 8 недели - како ми успева?“

Стилистка за коса ги шокираше своите следбеници на ТикТок со тврдењето дека косата се мрси заради пречестото миење и затоа таа тоа го прави на секои 8 недели (еднаш во два месеци).

neobichno-priznanie-na-frizerka-ja-mijam-kosata-na-sekoi-8-nedeli-kako-mi-uspeva-1.jpg

Колку често ја миете косата? Некои од нас ја мијат секојдневно, некои еднаш неделно, но никој не го очекуваше одговорот на оваа стилистка за коса.

Мишел Денис на својот профил на ТикТок често објавува видеа во кои споделува совети за негата на косата. Таа за себеси вели дека има над 23 години искуство како стилист за боја и е балајаж експерт. 

Според неа главната причина за мрсната коса и распуканите врвови е премногу честото миење на косата. Таа во видеото објаснува како можете да ја „истренирате“ вашата коса што е можно подолго да не ја миете, а да не ви се мрси.

Мишел вели дека треба да го одложувате денот за миење на косата за еден или два дена и тоа треба да продолжите да го правите во следните неколку месеци. 

Потоа, на секои неколку месеци треба да додавате по уште еден ден. Кога косата еднаш ќе се навикне... Можете да додадете уште по еден ден во период од шест месеци. Така нема да дојде до нагла промена.

Таа појаснува дека целиот процес може да трае неколку месеци или години, но дека е најважно да бидете упорни. Некои од нејзините следбеници реагираа дека тие ја мијат косата еднаш неделно, а други коментираа дека ако повеќе од 10 дена не ја измијат косата, се чувствуваат „грозно“.

Што мислите вие? Колку често ја миете косата и дали би можеле да го правите тоа што оваа фризерка го препорачува?

@michelledennismumof.3

I can go with out washing for 8 weeks! Do you suffer with oily hair or over dry ends? It’s because your over washing it ##hair ##hairtips ##momsoftiktok

♬ Poof Be Gone - KyleYouMadeThat & Yung Baby Tate & Yvette

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава