Никогаш не држат диета и уште 9 навики поради кои Италијанките се толку згодни

Можете ли да останете витки во земјата на пицата, пастата и сладоледот? Најголемиот број од жителите на Апенининскиот остров водат здрав, избалансиран живот, па токму затоа само околу 10% од популацијата има проблем со дебелината.

Kako-se-hranat-zgodnite-Italijanki-01.jpg

Според кои правила се хранат Италијанките и како успеваат да бидат така здрави и витки?

Мали порции

Италија е препознатлива по малите порции. Исто така, Италијанците не бројат калории, туку престануваат со јадење во моментот кога ќе се почувствуваат сити. Нивниот оброк е секогаш избалансиран: маснотии, јаглени хидрати, скроб, риба или пилешко како протеин, а особено водат сметка околу консумирањето на црвеното месо. Овој тип на месо го консумираат само во специјални пригоди.

Маслиново масло

Маслиновото масло има репутација на течно злато според составот и е основната состојка на речиси секое италијанско јадење. Италијанците го користат и како основно масло за салата, сосови и во многу јадења. Ова масло е богато со монозаситени киселини, кои секако се – добрите масти.

nikogash-ne-drzhat-dieta-i-ushte-9-naviki-poradi-koi-italijankite-se-tolku-zgodni-4.JPG

Свежа и сирова храна

Ова е тип на храна која многу често се консумира во Италија, особено во јужниот дел, каде што секое јадење опфаќа риба, домати, зеленчуци, артичока, јајца, зачини и лимони. Пастата се служи со малку маслиново масло, домашен доматен сос, оригано и нормално – секогаш е сервирана во мали порции.

Прошетка

Следете го примерот на Италијанките и одете на неколку прошетки во текот на денот, макар отишле и до продавница или пак едноставно да прошетате по улицата, до паркот или центарот на градот. И нормално, секогаш кога имате можност отидете во природа, како што тоа го прават Италијанците.

Појадок

Појадокот не се прескокнува во италијанските семејства. Но, за разлика од поголемиот дел на Европјаните, Италијанците за појадуваат практикуваат да каснат мал кроасан или мало парче колач со задолжително силно кафе „од нога“ или малку топло млеко.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...

Најчитани неделава