5 причини зошто да користите кафе за нега на коса + како да си направите маска и спреј


5 причини зошто да користите кафе за нега на коса + како да си направите маска и спреј

Го поттикнува растот, го зајакнува влакното и го олеснува чешлањето - кафето е една од најдобрите (домашни) состојки што можете да ги користите за вашата коса. 

5-prichini-zoshto-da-koristite-kafe-za-nega-na-kosa-kako-da-si-napravite-maska-i-sprej-01.jpg

Речиси и да нема личност која може да си го замисли денот без шолја кафе. Но знаевте ли дека оваа состојка е одлична и за вашата коса?

Маската од кафе што можете да си ја направите дома ја потхранува вашата коса, ја прави побујна и, генерално, значително го подобрува нејзиниот изглед.

Во овој случај, треба да го нанесувате кафето директно на косата, па немојте да пиете повеќе од сегашната дневна доза на кафе за да го постигнете ефектот.

Во продолжение пет придобивки од кафето за вашата коса:

Го забрзува растот на косата

Бидејќи кофеинот е стимулант, може да ја стимулира циркулацијата на крвта до фоликулите на косата. Со ова косата може да порасне побрзо од вообичаено.

Исто така, истражувањата покажувале дека кофеинот го спречува влијанието на одреден хормон кој може да биде причина за паѓање и проретчување косата, притоа стимулирајќи го нејзиниот раст.

Истото истражување покажало дека кофеинот го поттикнува растот на косата и кај мажите, и кај жените.

5-prichini-zoshto-da-pochnete-da-koristite-kafe-za-nega-na-kosa-kako-da-si-napravite-maska-od-i-sprej-kafe-02.jpg

Вашата коса ќе биде посјајна и помека

Ако ја измиете косата со кафе или ставите маска од кафе можете да ја направите косата посјајна и помека благодарение на флавоноидите во кафето (антиоксиданти кои ја поттикнуваат регенерацијата на косата).

5-prichini-zoshto-da-pochnete-da-koristite-kafe-za-nega-na-kosa-kako-da-si-napravite-maska-od-i-sprej-kafe-03.JPG

Влакната стануваат посилни

Подобрената циркулација на скалпот ќе ги направи фоликулите посилни. Поради ова, вашата коса нема да се кине лесно и ќе биде поиздржлива.

5-prichini-zoshto-da-pochnete-da-koristite-kafe-za-nega-na-kosa-kako-da-si-napravite-maska-od-i-sprej-kafe-04.jpg

Косата ќе изгледа побујно

Штом влакната ќе бидат посилни и поцврсти, вашата коса ќе изгледа многу побујно. Бидејќи кафето ѝ го поттикнува растот, косата веројатно ќе ви биде многу погуста.

5-prichini-zoshto-da-pochnete-da-koristite-kafe-za-nega-na-kosa-kako-da-si-napravite-maska-od-i-sprej-kafe-05.jpg

Полесно ќе ја расчешлувате

Маската или миењето со кафе ќе ви помогне полесно да ја расчешлувате косата.

Како што веќе напоменавме, кафето ја прави косата помека, па го намалува ризикот од заплеткување.

5-prichini-zoshto-da-pochnete-da-koristite-kafe-za-nega-na-kosa-kako-da-si-napravite-maska-od-i-sprej-kafe-06.JPG

Како да ја измиете косата со кафе?

Во зависност од вашата должина, сварете 2-4 шолји кафе. Откако целосно ќе се излади, ставете го во шише во распрскувач.

Измијте ја косата како и вообичаено и ставете маска или регенератор. Потоа, додека косата уште е влажна, испрскајте ја со спрејот од кафето.

Неколку минути масирајте го скалпот, па ставете капа за туширање. Можете и да ја соберете косата и да ставите најобична кеса. Оставете кафето да делува 20-тина минути.

Исплакнете ја косата со студена или млака вода, па исушете ја.

5-prichini-zoshto-da-pochnete-da-koristite-kafe-za-nega-na-kosa-kako-da-si-napravite-maska-od-i-sprej-kafe-07.JPG

Како да направите маска за коса од кафе?

Измешајте една лажица кафе со една лажица мед и една лажица маслиново масло.

Добро измешајте ги состојките и направете паста.

Нанесете ја смесата низ целата коса, соберете ја со стегач, шнола или што било, и оставете да делува најмалку половина час.

Потоа измијте ја косата како и вообичаено.

5-prichini-zoshto-da-pochnete-da-koristite-kafe-za-nega-na-kosa-kako-da-si-napravite-maska-od-i-sprej-kafe-08.JPG

Имајте на ум дека третманите со кафе не се погодни за вас ако имате светла коса – кафето може да ви ја промени нијансата или да ви направи дамки на косата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 причини зошто вашата коса се мрси многу често Како што кожата лачи масти на лицето, истото се случува и на скалпот. Задачата н...
7 проблеми со кожата и косата кои се решаваат со кафе Кафето на сите ни користи за расонување, уживање, будење... Но, покрај тоа, кафе...
„Истренирајте“ ја својата коса помалку да се мрси Луѓето кои имаат мрсна коса знаат колку често ја мијат и дека може да им се измр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg