Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Редовна масажа и уште 6 тајни на жените од Индонезија заради кои изгледаат 10 години помладо

Маските од природни состојки се секогаш првиот избор на жените од Индонезија, а воедно тие знаат дека ништо нема да ги подмлади како широката насмевка и доброто расположение.

masazhi-maski-od-prirodni-sostojki-kako-zhenite-od-indonezija-izgledaat-10-godini-pomlado-01.jpg

Жените од секоја култура си имаат свои трикови и тајни за убавина и можеме да научиме по нешто од сите нив.

Жените од Индонезија не само што изгледаат беспрекорно и без грам шминка, туку се толку младолики, што никогаш нема да им ја погодите возраста.

Па, кои се нивните тајни за младешкиот изглед?

Користат оризово брашно

Жените од Индонезија им даваат предност на домашните маски за лице, а една од омилените состојки им е оризовото брашно. Измешано со малку вода, ова брашно е одлично за нежен пилинг на лицето.

Тие прават и пилинг за тело од оризово брашно измешано со ѓумбир, цимет и куркума во прав. Само имајте на ум, ако имаат многу светол тен, избегнувајте да користите куркума бидејќи може да ви направи дамки на кожата.

Ако некогаш сепак ви се ризикува, можете да ги отстраните дамките со сапун и топла вода, но ќе треба да триете подолго.

masazhi-maski-od-prirodni-sostojki-kako-zhenite-od-indonezija-izgledaat-10-godini-pomlado-02.jpg

Ја спречуваат појавата на стрии

Овие жени сметаат дека е многу полесно да ја спречат појавата на стрии, наместо потоа да пробуваат да се ослободуваат од нив.

Еден од најпознатите третмани за оваа намена е маска за стомак направена од оризово брашно и ѓумбир – состојки што ја зголемуваат еластичноста на кожата.

Неретко, по породување жените одат на масажа и ставаат облоги на стомакот со разни тревки за побрзо да се вратат во форма.

masazhi-maski-od-prirodni-sostojki-kako-zhenite-od-indonezija-izgledaat-10-godini-pomlado-03.jpg

Често користат папаја и нејзините семки

Папајата им е лесно достапна на жените во Индонезија, па и таа е дел од нивната рутина за убавина.

Најчесто прават маска од пасирана папаја и малку млеко за сјајна кожа на лицето.

Од мелените семки, пак, во комбинација со вода, прават маска за коса која ја оставаат да делува околу еден час, па ја мијат. Наводно, токму оваа маска им ја нагласува темната боја на косата и прави да изгледа многу побујно.

masazhi-maski-od-prirodni-sostojki-kako-zhenite-od-indonezija-izgledaat-10-godini-pomlado-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg