Сигурно некаде грешите – колку често (и како) треба да се туширате?

Ако имате многу сува или многу мрсна кожа, најдобро немојте да се туширате секојдневно, особено во постудените месеци, ако сакате да ги избегнете иритациите или зголеменото лачење масти.

sigurno-nekade-greshite-kolku-chesto-i-kako-treba-da-se-tushirate-001.jpg

Некогаш имате време да си направите цел спа-третман покрај туширањето, а некогаш немате време ни да го измиете лицето.

Но, изгледа дека прескокнувањето на туширањето и не е така лошо, особено ако имате навика да се туширате секој ден.

Можеби звучи чудно, но многу честото туширање не е најдобро за вашата кожа, особено ако таа е чувствителна и склона кон иритации.

Па тогаш, колку често треба да се туширате?

Многу е важен типот на вашата кожа

Ако имате мрсна кожа, можеби ви звучи логично да се туширате секој ден, но со ова можете да си направите штета.

Топлата вода, заедно со шампоните за тело, ги отстрануваат сите масти од телото и по малку ја сушат кожата.

Кога кожата е исушена на овој начин, телото почнува да лачи повеќе масти, па ако се туширате секој ден, па дури и неколкупати дневно, резултатот е уште помрсна кожа.

За вас, идеално би било да се туширате преку еден ден.

Од друга страна, ама имате многу сува и чувствителна кожа, многу честото туширање дополнително ќе ја исуши и ќе го зголеми ризикот од иритации и чешање.

За вас препорачливо е да се туширате 2-3 пати неделно.

kolku-chesto-treba-da-se-tushirate-02.jpg

Важен е и типот на вашата коса

Секој фризер ќе ви каже дека не е препорачливо секој ден да ја миете косата, дури и ако сметате дека имате многу мрсна коса. Слично како кожата, и косата ќе се мрси повеќе ако ја миете почесто, поради зголеменото лачење масти.

Генерално, за повеќето луѓе најдобро е да ја мијат косата на секои 2-3 дена. Оние кои имаат многу сува коса, можат да ја мијат и само еднаш неделно.

Влијание има и тоа дали вашата коса е виткана или права – препорачливо е луѓето со виткана коса да ја мијат поретко, односно не повеќе од 2-3 пати неделно.

kolku-chesto-treba-da-se-tushirate-03.jpg

Физичка активност

Ако редовно одите во теретана, тогаш не го прескокнувајте туширање по тренинг. Туширањето по вежбање им годи на мускулите, а може и да го спречи создавањето акни на телото ако имате чувствителна кожа.

Ако, пак, поради вашето работно место сте изложени на штетни хемикалии, прашина и слично, тогаш е препорачливо да се туширате секој ден по работа, без разлика на типот на вашата кожа. Во овој случај само одберете шампон кој одговара на типот на вашата кожа.

kolku-chesto-treba-da-se-tushirate-04.jpg

Адаптирајте го туширањето на сезоната

Кога времето е многу топло, се потиме почесто и некогаш е неизбежно да се тушираме секојдневно, па и неколкупати во текот на денот.

Но штом ќе залади, подобро избегнувајте да се туширате секој ден. Во зимските месеци, студеното време ја суши кожата, а со секојдневното туширање можете само да ја влошите состојбата.

kolku-chesto-treba-da-se-tushirate-05.jpg

Како да ја заштитите кожата?

Покрај тоа колку често се туширате, и начинот на туширање има влијание врз кожата. За да ги избегнете проблемите, дури и ако се туширате секој ден, пробајте да ги следите следниве правила:

Не се туширајте со жешка вода. Жешката вода ги отстранува сите масти од телото, па ако имате навика да се туширате често, пробајте да го правите тоа со постудена вода.

Одберете шампон со малку или без парфем. Ако имате чувствителна кожа, најдобро купувајте шампони без парфеми.

Туширањето треба да биде кратко. Не би требало да се туширате повеќе од 10 минути. Долгото туширање не само што троши многу вода, туку е и поштетно за кожата бидејќи отстранува повеќе од потребните масти и бактерии.

Не мора секогаш да користите шампон. Ако се туширате секој ден или неколкупати дневно, немојте секојпат да го миете целото тело со шампон. Доволно е темелно да ги исчистите пазувите и интимните делови со шампон, а останатиот дел од телото само со вода.

kolku-chesto-treba-da-se-tushirate-06.jpg

Бидејќи секој е различен, најдобро е да го „слушате“ вашето тело. Ако често чувствувате чешање и имате иритации, или кожата ви станува многу помрсна, најверојатно треба да намалите со туширањето. Ако сепак не можете да издржите ниту еден ден без туширање, тогаш барем пробајте да ги следите советите погоре.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg