-->
Девојки од Македонија и светот гордо позираат со своите „несовршености“ (фото)
Кога се чувствувате лошо во врска со никој детаљ од вашето тело, не заборавајте дека вие сте вашиот најголем критичар.
Голем нос, искривени заби, стрии, стомаче – речиси и да не постои девојка или жена која не мрази дел од своето тело.
Поради некоја причина, сите копнееме по совршенство за кое знаеме дека не ни постои и кога не ги исполнуваме овие нереални стандарди, се чувствуваме лошо и пробуваме да ги скриеме „несовршеностите“.
Но, сè почесто гледаме девојки и жени кои не само што престануваат да ги кријат нивните „недостатоци“, туку гордо ги покажуваат и ги слават бидејќи, сепак, тие се дел од нив.
Ако денес се чувствувате несигурно поради некој детаљ во изгледот, себеприфаќањето на овие девојки и жени ќе ви ја врати самодовербата:
Ана Стојанова, која е една од најпознатите фитнес тренери во Македонија, прозборе за битката со акните и храбро го покажа „несовршеното“ лице, порачувајќи дека е време за себеприфаќање.
Македонската инфлуенсерка Кике Цветче отсекогаш била отворена за нејзиниот здрав начин на слабеење, а неодамна направи фотосесија на која ги покажува стриите кои се нормален дел од секое женско тело.
Други девојки од светот кои се сакаат себеси со сите несовршености:
„Некогаш сакам да направа ринопластика. Но, најчесто не можам да се замислам себеси без овој нос бидејќи одлично му стои на моето лице“.
„Цели 10 години ме исмејуваа за мојата коса, поради што почнав да си ја бричам главата. Но, сега ги пуштив локните да ми пораснат и многу ги сакам“.
„Научив да си ги сакам пегите“.
„Среќна сум и самоуверена. Денес дури мислам и дека носот ми изгледа многу убаво!“
„Мама ми рече да ја избришам фотката од Фејсбук бидејќи сум изгледала дебело и ќе ја виделе нашите роднини. Не ја бришам бидејќи не ме ни интересира што мислат роднините“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:

Боја на цимет и кафе – хит нијанса за коса за летната сезона (фото)
Бојата на цимет и кафе е одличен избор ако сакате малку да ја осветлите косата в...

Рамен стомак, мал нос: Наметнати (и нереални) стандарди за убавина кои не треба да ви влијаат на сам...
Совршен мал нос, полни усни и рамен стомак – слободно игнорирајте ги овие станда...

12 грешки со шминката кои ги прават сите жени, дури и славните
Иако зад успешните жени стојат искусни шминкери, не значи дека и најдобрите не г...